ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА КАЈ УДОВО: Една жена од Србија го загуби животот, повеќе повредени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа која меѓу две возила се случи утринава на автопатот А2 делница село Удово – село Марвинци, спроти село Јосифово.

 

Од МВР за Курир велат дека во несреќата учествувале две возила со српски национални ознаки, „Тојота авенсис“ управувана од В.С. и „Пежо 308“ кое го возел С.П.

Во несреќата на лице место животот го загубила 61 годишната Србинка Д.П., сопатничка во „Пежото“. Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

На местото на несреќата се уште трае полицискиот увид, а сообраќајот се пренасочува по локалниот пат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This