Детали за сообраќајната нeсрeќа: Пожарникaри ги ваделе поврeдените лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тешка сообраќајна нeсреќа вечерва во 21:30 часот се случи на патот Штип-Радовиш, во која учествувале три возила. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека нeсреќата се случила кај сообраќајниот знак за селото Љуботен, според првичните информации од терен има поврeдени и во оваа неcреќа, а се повикани и пожaрникарите, со цел да ги издават поврeдени лица.

Повеќе детали околу нeсреќата најавуваат за утре.

Ова е втора сообраќајна нeсреќа на патот Штип-Радовиш и тоа во рок од само неполни два часа. МИА претходно информираше за нeсреќата, која се случи по 19 часот во близина на селото Лакавица во којашто, според директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев поврeдени се 13 лица, од кои 11 се мигрaнти и две се жени, македонски државјани. Според она што го видовме на лице место нeсреќата се случила меѓу две возила марка Мерцедес.

Мигрантите се транспортирале во багажникот во самиот автомобил. Овие две возила излетале од коловозот на десната страна во правец Штип-Радовиш. Според првичните информации од полицијата, возачот на мигрантите побегнал од местото на нeсреќата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This