Детали за страшната сообраќајка на патот Битола-Ресен

Поврзано

- Advertisement -

- Advertisement -

Битолчанецот В.С. (62) вчера го загуби животот во сообраќајна несреќакоја се случила на патот Битола-Ресен.

soobrakajki

– В.С. управувајќи „Киа Спортаж“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна од патот и удрил во метален заштитен браник, по што возилото излетало од коловозот и се превртело по надолнината. Од здобиените повреди на местото на настанот починал В.С., додека сопатникот во возилото И.К. (23) од Битола, се здобил со телесни повреди, информираат од полицијата.

На истиот му е укажана лекарска помош и бил задржан на лекување во Клиничка болница-Битола.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This