ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО: Момчето донесено починато на Ургентен, извршена 45-минутна безуспешна реанимација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дваесет и четиригодишно момче почина откако во него попладнево беше пукано од возило во движење на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје

Полицијата потврди дека инцидентот се случил околу 17:40 часот.

Момчето е пренесено во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Клиниката за трауматологија, ортопетски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Директорот на ТОАРИЛУЦ,  Илир Хасани за МИА изјави дека е извршена 45-минутна реанимација, но безуспешно.

На местото на настанот увид вршеа полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This