ДЕТАЛИ ЗА УПАДОТ ВО ДБКИ: Воената полиција уaпcилa приправник во МВР, за кој се сомневаат дека провалил во просториите на ДБКИ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Големо полициско присуство, сирени и ротации вчеравечер ги вознемирија жителите на општината Аеродром во близина на касарната „Гоце Делчев“ каде е сместен и објектот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ), каде еден час по полноќ се огласиле алармите за неавторизиран пристап во просториите на дирекцијата


Во Дирекцијата настанала паника поради вклучувањето на безбедносниот аларм. Според информациите до кои што дојдовме, се претпоставува дека алармот бил вклучен поради непријавени движења во просториите на ДБКИ.

Интервенирале и припадници на единицата Алфа, но и униформирани припадници на Министерството за внатрешни работи. Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации е задолжена за заштита на државните тајни и класифицираните информации на НАТО и ЕУ, кои се отстапени на нашата држава.

Засега, нема информација ниту од МВР, ниту од Дирекцијата за синоќешните случувања, иако очевидци тврдат дека ситуацијата била напната и тензична неколку часа.

Од она што го дознаваме од извори во истрагата, веднаш по активирањето на алармот припадници на воената полиција која ја обезбедува касарната уапсиле едно лице кое по испрашувањето било предадено на полицијата и префрлено во полициската станица во Аеродром.

Според неофицијални податоци, уапсеното лице било приправник во МВР, чиј татко бил вработен во единицата за специјални задачи „Тигар“, а мајката вработена во УБК.

Од МВР се уште чекаме одговор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This