ДЕТАЛИ ЗА ЦЕЛАТА ОДБРАНА НА ВАШИНГТОН : Трамп облече непробојно оддело

Поврзано

- Advertisement -
Шефовите на Тајната служба  ги чуваат информациите за непробојното оддело кои го носат американските претседатели.
- Advertisement -

Сепак англиските медиуми дознаваат дека Трамп носи исто такво заштитно одело кое го носеше Обама за да се заштити од можните напади од огнено оружје кое доаѓа во пакет со блиндираното возило до Капитол.

Според расположливите информации оделото може да заштити и куршум од калибар 9 милиметри.

Ракетни фрлачи

Хамерите со инсталирани противоздушни одбрамбени ракети се распоредени околу Вашингтон за да го заштитат претседателот од напади од воздух.

FIM-92 Стингер проектилите и топот познат како „Одмаздник” дежураат како и моторите на авионите и дроновите.

Ловци на бомби

Американските безбедносни сили ги земаат во предвид сериозните можности за закани од напад од „валкани бомби”. Бебзедностните служби имаат специјални детектори за да никој не би можел да прокријумчари некој нуклеарен уред во главниот град на САД.

Специјални единици
Единиците од елитните војници ќе бидат задолжени за обезбедувањето на инаугурацијата. Како што тврдат официјалните лица најголемиот страв доаѓа од можниот напад изведен како оној со камион во Ница и Берлин.

ИД денот на инаугурацијата го прогласи за „Крвав Петок” затоа што се плашат дека Трамп ќе го исполни своето ветување и дека со својата сила ќе ја збрише Исламската држава.

Националната Гарда

Националната гарда претставува резервна армија подготвена да се мобилизира за борба во итните ситуации.

Околу 7500 припадници на гардата ќе бидат распоредени да заедно со останатите безбедносни служби внимаваат да се мине во најдобар ред.

Градоначалникот на Вашингтон изјави дека градот е подготвен на било каква закана.

Тајната служба

Во операцијата на чувањето на редот и мирот за време на инаугурацијата беа вклучени и припадници на Тајната служба.
Нивната примарна должност е чување на претседателот и неговото семејство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This