Детали за 35 годишниот кавадарчанец кој пoчинa од ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според денешниот извештај на Министерството за здравство, најмладиот помеѓу дваесетте починати пациенти е од Кавадарци и имал 35 години.

Од таму информираа дека во денешната статистика влегувале 14 лица кои починале во Клиниката Жан Митрев во периодот од четврти до 14-ти јануари, а еден од нив бил и младиот човек од Кавадарци.

Тој починал на 16-ти јануари, потврдија од ЦЈЗ Кавадарци. Според првичните информации, починал од згрутчување на крвта и имал ризик фактор обезност.

И денес Кавадарци се најде на второ место според број на нови случаи на вирусот, со дури 24 новорегистрирани позитивни лица. Пред Кавадарци е Скопје, со 180 случаи.

Во градот се активни 363 случаи.

Во ковид одделот во кавадаречката болница денес е почината 85-годишна жена со сериозни коморбидитети, хоспитализирани се 18 пациенти, и има 42 слободни места.

В.К.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This