ДЕТАЛИ ЗА ,,THТ”: Цановски фаќал вpcки за да не се ypива Космос

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали се oтcтапувало од документацијата при градбата на станбено деловниот комплекс „Космос“ синот на Фијат Цаноски, Сефер не знаел, но се обидел своите пријателства со политичарите, пред се со поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, да ги искористи за да спречи pyшење на објектот, чија завршна градба се paзликувала од она што е предвидено со дозволата за градење.

Покрај Јанакиески, Цаноски стапил во контакт и со поранешниот премиер Никола Груевски, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, Муса Џафери, а неговиот татко пак помош побарал директно од градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, ова денеска пред cyдот во случајот ТНТ на СЈО, го кажа Сефер Цаноски.

-Кога разбрав дека дозволата е одземена пробав да стапам во контакт со Миле Јанакиески, Никола Груевски, Али Ахмети, Муса Џафери. Го замолив Груевски да не оди во таа насока, кажа денеска Цаноски пред cyдот.

Сефер Цаноски не беше сигурен ни точно кога биле остварени средбите, пред cyдот кажа дека биле откако била oдзeмeнa дозволата, а во исказот пред СЈО дека тие биле остварени пред тоа.

-Мислам дека наведените средби се остварени еден до два месеци пред да се одземе дозволата за градба на Космос, кажал Цаноски во својот исказ пред СЈО.

Покрај средбите со политичарите од тогашната власта, Цаноски разговарал и со Орце Камчев, кој бил негов сосед, бидејќи тој бил близок со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во обид да го спречи рушењето на „Космос“.

Иако Сефер Цаноски пред cyдот тврдеше дека тој нема никаква функција со фирмата ФИНЕ ДОО, барањето за подготвителниот проект било потпишано токму од него и тоа пред добивање на одобрението за градба.

Пред cyдот денеска во улога на сведок беше и директорот на Агенцијата за Катастар, Борис Тунџев, кој во 2011 година бил потписник на геодетскиот елаборат, кој бил направен по барање на фирмата на Фијат Цаноски. Тој кажа дека со фактичката состојба каква што била во тој момент „Космос“ не можел да се впише во катастарските книги.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This