Детали за yкpaдениот мpтoвeц во Струмица: Роднините го вратиле креветот, но не и пoчинaтиoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Креветот на кој лежел починат пациент и кој го украле роднини од инфективната амбулната во Струмица, е вратен во болницата, потврди Наќе Гогов, директор на болницата каде што утринава се случувала вистинска драма.

Утрово околу 9 часот пациент бил хоспитализиран во инфективната амбуланта со зголемена температура, висок крвен притисок и малаксаност. Тој за 15 минути починал. Веднаш потоа, неговите најблиски, со 20 други луѓе, влегле во инфективната амбуланта и сосе кревет го извадиле надвор, каде што ги чекало комбе и го транспортирале дома.

Телото на починатиот е дома, кај нив, не се почитувани протоколите кои се пропишани во вакви ситуации. Не можеме да го земеме и да го вратиме назад. Случајот е пријавен во полиција, рече Гогов.

На починатиот пациент не стигнале да му направат тест за ковид-19. Струмица е ново жариште на коронавирусот, во моментов има активни 108 случаи на ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This