ДЕТАЛИ ОД ГОВОРОТ НА НИКОЛОСКИ НА СОСТАНОКОТ НА ЦК: Николоски открил детали за тоа како Сашо Мијалков и помагал на власта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од позвучните говори го имал потпретседателот Александар Николоски кој истакнал дека потребно е да се стави крај со матното минато на партијата и луѓето кои се најодговорни за тоа.

Николоски рекол дека има луѓе кои се материјалисти и идеалисти. И додека едни се бореле за идеали за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, други се бореле за зголемување на своето лично богатство, и заштита на својот капитал.

-Додека ВМРО-ДПМНЕ се соочуваше со тешки моменти, одење во опозиција лица како Сашо Мијалков во исто време го зголемуваа својот капитал, добиваа удел во хотел, променуваа сопственост во земјоделски задруги, формираа компании и акции во банки. И практично се доведе во ситуација едните да се бориме да го одржиме ВМРО-ДПМНЕ на власт затоа што силно верувавме дека постојат идеали, и дека се соочуваме со зло како СДСМ и Заев а тие другите се бореа за власт само да го заштитат своето лично богатство и личен комодитет и затоа прават се сега за да себе си се заштитат вклучително и коалиции со оние против кои ВМРО-ДПМНЕ жестоко се бори, СДСМ. – рекол Николоски, а нас ни прераскажа изворот од ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски на своите сопартијци им открил детали за тоа како Сашо Мијалков и помагал на власта да обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието.

-Токму лицето Сашо Мијалков во изминатиот период посетуваше дома пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со луѓе, кои со себе носат и работи кои не се својствени за нормални луѓе и вршеше агитирање да го поддржат договорот. Дел се уплашија, а дел и не потклекнаа. Тие што на прва одбија, веднаш беа обработени со заштитен сведок, а една пратеничка која не е опфатена со случајот 27 или со СЈО а која гласаше за уставните промени “сосема случајно” е во роднинска врска со Мијалков. – им рекол Николоски на сопартијците.

Тој на сопартијците им кажал дека токму идеалистите биле репресирани во изминатиот подолг период во партијата дури и биле разрешувани од партиските органи, додека другите си ги зацврстуваа позициите и ределе свои луѓе за материјално да се обезбедат

Сето тоа се редеше под тепих, и се надевам дека тоа никогаш во иднина нема да се случи. ВМРО ДПМНЕ не може да има хипотеки и дека тој камен кој ја влече надоле партијата треба да се отфрли. – им порачал Николоски на сопартијците.

Николоски на Централниот Комитет направил разлика и помеѓу луѓето кои кодошат, и пренесуваат информации. Според неговите тврдења лица во Брисел пренесувале погрешни информации дека наводно раководството на ВМРО ДПМНЕ правело притисоци врз пратеници да не гласаат за уставните измени, наместо да одлучат по свое лично убедување.

-На тој начин овие луѓе се правдале себеси правдајќи се себе си дека немаат успех во убедувањето да гласат пратениците спротивно од волјата на граѓаните, нешто што е тотална лага. – рекол Николоски.

Николоски својот настап го завршил со предлог да се предложи до општинските комитети да поведат постапка за исклучување на Тодоров и Мијалков и дека секогаш во минатото партијата расчистувала со кадрите кои работеле против политиките на партијата и дека тоа е она што мора сега да го направи партијата. Предлогот на Николоски бил едногласно усвоен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This