ДЕТАЛИ ОД ПРЕГОВОРИТЕ: СДСМ бара aмнecтиja за сторениот кpиминaл изминатите 3 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта бара амнестија за сторениот криминал изминатите 3 години истакна меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во вечерашното госување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Муцунски е дел и од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавно обвинителство и е добро запознаен со деталите од преговорите. Тој посочи дека за време на преговорите, едно од клуните барања на власта се однесувале на тоа со кои дела ќе се бави новото Обвинителство за борба против висока корупција. Според Муцунски клучното барање на власта било ова обвинителство да не може гони дела сторени пред истото да биде формирано.

-Знаете ли господине Манчевски кој е предлогот на СДСМ за обвинителство за борба против високата корупција. Предлогот на СДСМ е да има обвинител во борба против високата корупција кој што ќе се занимава со високата корупција од денот кога е основано па натаму. И сега сакате да ми кажете ние ќе формираме нова институција на која што ќе и ги дадеме сите ресурски и сите капацитети, но да заборавиме што се случуваше последните три години, да го оставиме тоа на Јовевски и на Русковска, а новиот обвинител во кој што велиме сите сакаме да имаме доверба кој што ќе го избереме врз освнова на највисоки квалификации, тој само од сега натаму да се занимава. Тука е проблемот бидејќи вие навистина се борите за амнестија, но амнестија на потенцијални злодела и кривични дела кои што се сторени во последните три години. И многу жалам што вие постојано сакате да ја префрлите одговорност на ВМРО-ДПМНЕ, вели Муцунски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This