Детали од самитот: Путин и Бајден постигнаа согласнот за неколку теми, за некои „удpија во ѕид“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по самитот со неговиот американски колега Џозеф Бајден рече дека преговорите биле добри.

„Немаше непријателство за време на преговорите, нашиот состанок се одржа на принципиелен начин. За многу прашања, нашите ставови се разминуваат, сепак, верувам дека е покажана желба и двете страни да се разберат за да се најде начин да се приближат ставовите. Разговорот беше конструктивен“, нагласи тој.

Според него, постигнат е договор за иницирање консултации за прашањето за стратешка стабилност на институционално ниво. Исто така, беше постигнат договор амбасадорите на Русија и САД да се вратат на своите работни места. Зборувајќи за Украина, Путин рече дека темата за влез на Украина во НАТО со Бајден удри во ѕид, бидејќи, како што рече, нема за што да се зборува.

Кога станува збор за обврските на Русија во однос на Украина, Путин рече дека станува збор само за една работа, а тоа е реализација на договорите од Минск, со кои Бајден се согласува, а тоа е во случај Киев да биде подготвен на тоа.

Осврнувајќи се на воените вежби, Путин рече дека Русија ги спроведува на сопствената територија, како што прават и Соединетите држави, но Русија, за разлика од САД, не довлекува воена опрема до американските граници

Путин рече дека Соединетите држави и Русија ќе започнат консултации за прашањето на сајбер безбедноста.

„Се согласивме да започнеме консултации на оваа тема. Според мене, тоа е клучно“, рече Путин.
Тој исто така изјави дека прашањето за сајбер безбедност е исто толку важно за Русија, колку што е важно и за Соединетите држави.

Путин рече дека разговарал детално за Арктикот со Бајден.

Како што наведе, нема основа за загриженост на Америка во врска со милитаризацијата на Арктикот, бидејќи Русија исклучиво ја обновува уништената инфраструктура таму.

Тој исто така рече дека е длабоко убеден дека Русија и Америка можат да соработуваат на Арктикот.

Тој се осврна и на прашањето за премин на бродови од други земји на копното на Арктикот, велејќи дека давање дозвола за такво нешто е суверено право на Русија, како и дека дека Москва не го злоупотребува тоа право.

Путин исто така рече дека Бајден не го поканил како гостин, па затоа и тој сè уште не го поканил американскиот претседател во Русија

Како што објасни, потребни се услови за такво нешто.

На новинарско прашање „што виде во очите на Бајден“, Путин рече дека „тој не може да каже ништо за својата душа, но дека Бајден е многу измерен и конструктивен соговорник“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This