ДЕТОНАЦИЈА ГИ ПОТРЕСЕ НАСЕЛБИТЕ ОКОЛУ СКОПЈЕ: Вежба на Стенковец го стресе Драчево, Лисиче, скопска Црна Гора

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните, на социјалните мрежи утринава пишуваа дека се осетило силно тресење на вратите и прозорците од нивните домови. Се прашуваат дали станува збор за земјотрес или детонација.

Според пишувања, прозорите и вратите силно им се затресле, па првично помислиле дека станува збор за земјотрес. Но, откако дел од граѓаните ја провериле веб апликацијата за земјотреси, се увериле дека немало земјотрес, па се прашуваа дали станува збор за детонација.

Тресење почувствувале жителите на Илинден, Драчево, Лисиче, Скопска Црна Гора, Пинтија, како и во населбата Гоце Делчев.

Од Министерството за внатрешни работи, за КУРИР велат дека во периодот од 9: 30 до 12:30, Eдиницата за брзо распоредување имала вежба на Стенковец, па можно е од таму да доѓале звуците.

Додаваат и дека нема простор за паника.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This