Детската кардиохирургија се сели во приватната болница „Жан Митрев“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Детската кардиохирургија од Нова година, наместо на Клиниката за детска хирургија, ќе се пресели и ќе почне да работи во болницата „Жан Митрев“. Тоа ќе значи дека сите операции на најтешки срцеви маани кај бебиња и деца ќе се прават во Македонија, а на операција надвор ќе се испраќаат само ретки случаи.
Министерството за здравство донесе одлука договорот на болницата „Жан Митрев“, кој со години е за извршување на кардиолошки интервенции на возрасни и на деца, од следната година да се прошири, па во болницата ќе се лекуваат и деца со најтешки срцеви маани. Кардиохируршките операции што ќе се извршуваат во приватната болница ќе продолжат да бидат на товар на Фондот за здравствено осигурување. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека со ваквото решение ќе има заштеди бидејќи сега се одвојува огромна сума пари за странските едукатори – 300 илјади евра. Тие сметаат дека со домашните експерти и со и инфраструктура на болницата ќе има одлични услови за лекување на децата. Според него, со овој модел сакаат да ги задржат нашите доктори да работат во земјава, а додека не биде готов новиот Клинички центар, не се потребни капитални големи инвестиции.

„И во овој момент не се прави сè на едно место кај децата. Дијагностиката се прави во приватна болница, дел од лекувањето се одвива на Клиниката за педијатрија, а оперативните интервенции и интензивната нега се спроведуваат на Клиниката за детска хирургија. Таа на некој начин е задушена, како што расте обемот на работа и бројот на пациенти и како што расте експертизата. Затоа, целта е да ги споиме експертизите во државното и приватното здравство. Да ја симнеме јасната бариера меѓу државните и приватните болници, да овозможиме нашите доктори да може да работат во приватните институции. Трошокот за овој договор ќе остане апсолутно ист. Истите средства што се трошат и Фондот купува на некој начин услуги за детската кардиохирургија, сега ќе ги купува од друго место“, изјави Филипче.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, посочи дека Фондот во просек обезбедува околу еден милион евра годишно за здравствени услуги за Детската кардиохирургија на домашната клиника. Во просек годишно околу 20 деца се испраќаат во странство за кардиоваскуларни интервенции, а една интервенција чини од 15 до 20 илјади евра. Тој додаде дека тоа се дополнително 300 до 400 илјади евра кои Фондот ги обезбедува за лекување на најмалите пациенти во последните неколку години.

Министерот не обелодени колку здравствени работници од Клиниката детска хирургија ќе заминат во приватната болница „Жан Митрев“. Одговори дека фалат и за тоа како ќе тече процедурата за испраќање деца кои ќе имаат потреба за интервенција во странство и кој ќе го потпишува конзилијарното мислење бидејќи експертскиот тим ќе работи во приватна болница.

Доктор Владимир Чадиковски верува дека со неговото заминување од Детска кардиохирургија во приватната болница „Жан Митрев“, Клиниката и натаму ќе функционира соодветно, како што работела и во изминативе 50-ина година. Тој вели дека годишно таму се прават над 1.600 операции.

„Претежно децата што ги праќаме во Бугарија се деца што неколкупати се оперирани во Бугарија. Навистина е тешко да работите нешто што претходно не знаете како е сработено. Многу е мал бројот деца што сме ги пратиле примарно на операција“, рече Чадиковски.

„Ќе се направи еден тим помеѓу институциите државната кардиологија, државната кардиохирургија, приватната болница „Жан Митрев“, приватната болница „Систина“ и учество ќе има и доктор Чадиковски како детски кардиохирург. Тие заеднички ќе ги разгледуваат сите случаи“, додаде Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This