April 18, 2024, 10:35 pm

ДЕЦАТА ВО НАЈГОЛЕМА ОПАСНОСТ: Децата од Лисиче да ја проверат крвта за присуство на тешки метали!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската иницијатива „Стоп на загадувањето“ доставија барања до градоначалникот на Општина Аеродром за измена на ДУП-овите и да се изврши запишување на зелените појаси во општината. Овие урбани зелени површини кои активно се користат како парк и како зелена целина повеќе од 35 години, а дури и некои од нив да се во приватна сопственост, не смеат да се намалат или да се формираат бариери со изградба на нови станбени блокови, катни гаражи или трговски центри.

Понатаму, од Граѓанската иницијатива бараат забрана за изградба на објекти за тешка и загадувачка индустрија, отстранување на дивите населби покрај Вардар, набавка на мобилни мерачи за полесно идентификување и лоцирање на изворите на загадување. Од граѓанската иницијатива бараат и редовни контроли и меѓуопштинска соработка за спречување на спалувањето на дивите депонии покрај Вардар.

„Бараме носење итна одлука за неодложно испитување на HCH-изомери во крвта на жителите на Аеродром, со особен акцент кај децата во Горно и Долно Лисиче и други населени места во близина на ОХИС, во тесна соработка со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје.

Испитување на тешки метали, HCH-изомери и други загадувачки супстанции во почвата на територија на Општина Аеродром во подземните води и бунари, првенствено во Лисиче, за присуство на загадувачки супстанции со потекло од ОХИС, стои во барањето на Граѓанската иницијатива „Стоп на загадувањето“ доставено до градоначалникот Марин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This