ДЕЦАТА ВО ОВА ГРАДЧЕ ВО СРБИЈА СЕКОЈДНЕВНО СОБИРААТ ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА: Причината за тоа ќе ве воодушеви!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Количината на ѓубре која ја оставаме зад себе е загрижувачка, голем број на луѓе не се грижат за природата. За среќа има и луѓе како Миодраг Михајловиќ (58) од Куршумлија.

Миодраг пред една година започнал да собира пластичен отпад во населбата Кастрат во која живее, а неодамна во таа акција се вклучија и децата од населбата, на кои, за возврат, им направил игралиште во неговиот двор.

Михајловиќ за агенцијата Бета рекол дека цела година сам ја чистел населбата во која живее, така што секој ден го собирал пластичниот отпад во вреќи кои подоцна со трактор ги пренесувал до контениерите кои се наменети за тој вид отпад.
“Започнав да го собирам отпадот, бидејќи не можам да гледам како по улица се фрлаат шишиња, лименки и друг отпад. Залудно ги молев луѓето да не фрлаат отпад по улиците, па направив четири големи метални корпи кои ги поставив по улиците во Кастрат, но ниту тоа не вредеше”, вели Миодраг.

Тој потоа ги повикал децата од Кастрат да се вклучат во акцијата за чистење на населбата.

“Одзивот беше неверојатен, многу деца се вклучија во акцијата, секако со согласност на родителите. Мојата цел е децата да ги одвојам од компјутерските игри, мобилните телефони, повеќе од времето да поминуваат надвор од своите домови, да се занимаваат со спорт, а секој викенд организирам собирање на празни шишиња и друг пластичен отпад”, вели Михајловиќ.

Како би ги наградил децата за нивниот труд, тој во својот двор направил игралиште и им купил топки.

“Ги повикав децата и им кажав дека тоа е нивното игралиште, бидејќи во населбата нема друго”.

Акцијата вроди со плод па корпите кои Михајловиќ ги направил, секој викенд се полнис со отпад, а со помош на децата се празнат во другиот дел на дворот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This