ДЕЦАТА НА КОМУНИЗМОТ: Повторно се местат судии – чии деца влегуваат во Академијата за судии и јавни обвинители?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Деновиве актуелен е огласот за прием на 60 лица во Академијата за судии и јавни обвинители, кои после две годишната обука треба да бидат избрани за судии и обвинители во Македонија. После првиот објавен текст во кој пишувавме за тоа каква е поврзаноста на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски со системот за полагање, Магазин доби информација од анонимен релевантен извор од Академија, дека одредени лица роднини и блиски лица на функционери на власта и судии и обвинители се фаворизираат преку систематизирана методологија, како што објави опозицијата, и со која се влијае врз електронските резултати на кандидатите.


Деновиве додека се одржуваат испитите за Академијата за судии и јавни обвинители, видно било присуството на Правниот факултет на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски

И покрај силните препораки на дипломати од Европската Делегација и амбасадата на Франција, конкурсот да биде фер, објективен и без местење, изворот на Магазин кој останува анонимен меѓу другото информира и за следното:

Проверете кој е Струмчанецот кој е присутен на електронските полагања и е ангажиран преку фирмата која го спроведува електронското полагање и во кое својство тој врши контрола на електронското полагање. Се зборува дека е испратен од висок функционер на Владата.

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ вчера на прес конференција објави дека електронското полагање на испитот било префрлено на Правниот факултет во Скопје, поранешното работно место на Рашковски.

Според наши извори, лица блиски на високи функционери на СДСМ и на актуелни судии освоиле невообичаено високи поени кои им гарантираат скоро и сигурно место како идни судии и обвинители.

Билјана Иванова
Кирил Георгиев
Александра Макаровска Димовска
Гордана Василева
Елена Митрајческa

Според извори на Магазин.мк, меѓу лицата кои освоиле нетипично високи резултати се и гореспоменатите ?! Како што објави вчера опозицијата, вакви високи резултати како што е на овој конкурс на Академијата не се постигнати откако постои Академијата.

Билјана Иванова е правник, а инаку е снаа на Цветанка Иванова, актуелен генерален секретар во Собранието и долгогодишна пратеничка од редовите на СДСМ, како и блиска соработничка на премиерот Заев. Билјана Иванова е вработена во “ЈП Комуналец“-Струмица.

Кирил Георгиев е син на Претседателот на Апелациониот суд во Штип, Наке Георгиев, исто така Струмичанец, чија сопруга е јавен обвинител во Јавното обвинителство во Струмица. Наке Георгиев случајно или не, секогаш кога СДСМ е на власт тој добива или избор во судија (1997 година), или унапредување во апелационен суд (2004 година), и сега претседател на Апелација во Штип (од ноември 2017-та). Неговиот син Кирил Георгиев, е вработен од страна на новата влада во Министерството за транспорт и врски.

Александра Макаровска Димовска е правник, близок роднина на Станка Атанасова, поранешна пратеничка од СДСМ од Свети Николе, и истакнат член на владеачката партија. Во моментов Александра Макаровска Димовска е вработена во СЈО на определено време. Вработените во СЈО на определено време вчера се обратија и со писмо до владата, да се реши нивниот статус, по што министерката за правда Дескоска даде изјава дека нивниот тим во преговорите се залага за трајно решение за нивниот статус.

Гордана Мачукова Василева, вработена како соработник во Основниот суд во Струмица, која, според нашиот извор, важи за блиска пријателка на генералниот секретар Рашковски.

Елена Митрајческа, адвокат од Кичево, активист на владеачката СДСМ во општина Кичево, која до пред некое време била во потесен круг за избор на позицијата секретар на општинската организација на владеачката партија.

Каква порака се праќа со евенталниот избор на партиско-роднински подобни судии и обвинители до стотиците стручни соработници во судовите и обвинителствата кои секојдневно пишуваат пресуди и решенија со судиите, младите адвокати и правници вработени кај нотари, извршители министерства кои макотрпно се вложуваат во правната професија, кои земале и неплатени одмори и отсуства од работа за да учат и бидат конкурентни на испитот нека проценат тие сами и јавноста !?

Извор
Магазин.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This