Децении пред времето: Холандија изгради автопат чиј асфалт заштедува гopиво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Холандија го доби најефикасниот енергетски автопат обложен со асфалт што ја намалува отпорноста на гумите, заштедувајќи им гориво на возачите.

Тоа патот помеѓу градовите Делфт и Зутемер кој има свое, одржливо снабдување со енергија. Енергијата за осветлување на патиштата, како и за семафорите, генерира 220 соларни панели кои се вградени во штитови за бучава.

За да може да се користи локално генерирана електрична енергија во текот на ноќта, покрај патот е поставена голема батерија, која ја складира сончевата енергија преку ден.

Осветлувањето покрај патот е направено и поодржливо со повеќе енергетски ефикасни LED светла , кои можат да се затемнат кога патот е помалку зафатен.

Површината е изработена од асфалт, со што се намалува отпорот на тркалање на автомобилски гуми, така што учесниците во сообраќајот трошат помалку гориво на тој дел од патот долг 17 километри.

Семафорите на патот имаат вградени сензори, па протокот на сообраќај е порамномерен, без чести запирања и забрзувања. Се проценува дека ова ќе го намали сообраќајниот метеж и емисијата на штетни гасови, пренесува порталот „Техзле“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This