ДЕЧКО, НАМАЛИ СО ПЕЧУРКИТЕ: Пратеникот Влатко Ѓорчев со замолница до премиерот да намали со внес на xaлyциногeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дури и на Макрон му било жал што не сме добиле датум, вели Зоран Заев, заборавајќи дека токму Францускиот претседател стави „вето“ на одлуката за давање на датум за преговори на Македонија за полноправно членство во ЕУ


Во ова време кога треба да носиме одлука како да продолжиме понатаму, сите земји, сите европски лидери, ама сите, вклучително и претседателот Макрон, жалат за историската грешка. Сите до еден, и верувам ќе ја исправат грешката час поскоро, рече Зоран Заев на вечерашната граѓанска трибина „На прав пат“, што се одржа во салата „Парк“ во Струмица.

Нагласи дека само претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и, како што кажа, неговиот ментор Груевски се радувале на таа грешка.

-И додека прават тајни пактови и сценарија со трети страни, тврдат и веруваат дека Македонија ќе ја носеле на брза лента. Каде беше таа брза лента 11 години. Тие 11 години не беа пред сто години, беа пред 2,5 години 11-те години нивно владеење. Каде е или им беше расипана, или им беше на бавно ставена. Па на најбавно да им беше ставена за 11 години досега ќе бевме и членка на ЕУ и членка на НАТО, рече Заев.

Според него во годините на владеење на ВМРО ДПМНЕ функционирала брзата лента како парите од народот да ги ставеле во својот џеб и само таа била брзата лента која ја имале.

На ова коментираше пратеникот Владимир Ѓорчев, кој го замоли премиерот да „намали со печурките“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This