ДЕЈАН СТАНКОВИЌ: Мурињо падна во нecвест кога му кажав што ќе правам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дејан Станковиќ подолго време се дистанцираше од фудбалските случувања и во неколку наврати потенцираше дека нема да стане тренер, но сепак кога доби повик од Црвена Звезда, легендарниот српски фудбалер не се двоумеше премногу и веднаш ја прифати понудата од фудбалскиот првак во неговата родна земја.

 

 

Станковиќ кој инаку е продукт на фудбалската школа на „црвено-белите“ доаѓа на чело на тимот по завршувањето на настапот во Лигата на шампионите, а со оглед на тоа што ова ќе биде прв негов сериозен предизвик во новата улога, самиот призна дека побарал совети од двајцата тренери со кои има посебен однос.

Станува збор за Жозе Мурињо и Синиша Михајловиќ, а популарниот Деки со насмевка на лицето откри каква била реакцијата на „специјалниот“.

– Жозе падна во несвест кога му кажав што ќе правам. Деки, зарем и ти? Ми посака многу среќа во новата авантура. Навистина долго зборував со него, тој многу ми значи. Како со него, така и со мојот ментор и голем пријател, Синиша Михајловиќ. Многу треба да учам, но со нивна помош ќе ми биде многу полесно, – откри Станковиќ на промоцијата во Звезда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This