„Дејли Мејл“ го смести Елмас меѓу топ 10-те млади ѕвезди на ЕП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европското првенство во фудбал е на прагот, за девет дена стартуваат возбудувањата ширум Европа, а Македонија со нетрпение го очекува деби-настапот на големите собири.

Очекувано, пред стартот на турнирот се прават најави, стастики и зе издвојуваат имиња, па така угледниот британски медиум „Дејли Мејл“ направи листа под името: „Топ 10 млади ѕвезди кои вашиот тим мора да ги следи на ЕУРО 2020“. На оваа листа, се најде и името на македонскиот „дијамант“ Ељиф Елмас.

Младата ѕвезда на Македонија и фудбалер на Наполи вчера повторно го покажа фудбалскиот потенцијал против Словенија, а неговиот талент не остана незабележан во светските медиуми. Така, името на Елмас се најде меѓу десетте играчи кои мора да се следат на Европското првенство.

Освен нашиот „бисер“, на листата се уште: Јусуф Јазичи (Лил), Мануел Локатели (Сасуоло), Камил Јозвиак (Дерби Каунти), Дани Олмо (РБ Лајпциг), Алесандро Бастони (Интер), Александер Исак (Реал Сосиедад), Андреас Сков Олсен (Болоња), Мирон Боаду (АЗ Алкмар), Нуно Мендеш (Спортинг).

Нема сомнеж дека игрите на Ељиф Елмас пак ќе привлечат огромно внимание, а можеби и ќе му донесат поголема минутажа во Наполи следната сезона под водство на Лучиано Спалети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This