ДИВАТА ДЕПОНИЈА ВО ТЕТОВО, ТЕМПИРАНА БОМБА: Секој ден може да експлодира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на Тетово стравуваат за своето здравје и повикуваат од локалната власт да ја дислоцира дивата депонија во градот.

Граѓанската иницијатива „За чисто Тетово“ денеска информираше дека постои план за дислокација на депонијата од Тетово во непосредна близина на патот кој што води кон селото Требош и тоа само со четири контејнери кои наводно би биле само претоварна станица. Ефтим Ѓуровски вели дека за ова нема никаква согласност, ниту од локалната власт, ниту од повисоките државни органи.

– Дивата депонија во Тетово е темпирана еколошка бомба која секој ден може да експлодира. Оваа депонија е вон сите стандарди. Тони ѓубре се наоѓаат на еден километар од плоштадот во Тетово. Тони ѓубре се наоѓаат на стотина метри од зелениот пазар во Тетово. Тони ѓубре се наоѓа на десетина метри од индустриските објекти, истакна Ѓуровски.

Потенцира дека неспособноста на локалната власт да се справи со комунален проблем кој се заканува по здравјето на десетици илјади граѓани без разлика на верската, етничката, политичката или каква било припадност.

-Со години наназад локалната самоуправа говори дека ќе ја дислоцира дивата депонија, а од тоа нема никакви резултати. Се уште ни се свежи сликите од запалената депонија во Струга, која кога се запали го загуши целиот регион. Сега кога повторно температурите се околу 40 степени од оваа депонија се шири дијареа од распаднат отпад и мрши на пцовисани животни. Ризикот оваа депонија да се запали е огромна и во тој случај пожарот во струшката депонија во споредба со тетовската ќе биде детска играчка.

Според него, доколку на властите им требале 10 дена за да ја изгаснат струшката депонија, тогаш тетовската нема да ја изгаснат со месици, а последиците ќе бидат несогледливи, бидејќи и самата депонија се наоѓа во градот.

-На оваа дива депонија местото не и е тука. Бараме локалната власт да ја дислоцира пред да предизвика еколошка катастрофа, посочи Ѓуровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This