April 23, 2024, 12:34 pm

ДИВО НАСЕЉЕ БЕШЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Базата „Бондстил“ е местото од каде што е прислушкувано, а оттаму следат и можни инциденти за изборите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што започнува вториот дел од предизборната кампања, така се заострува и политичката реторика, но и заканите по интегритетот на изборниот процес но и безбедноста на државата. Со почетокот на втората етапа на предизборната трка, на виделина излегоа и првите знаци за тоа како СДСМ ќе се бори против регуларни и фер избори бидејќи се свесни дека доколку се помине чисто, поразот кој ќе го доживеат ќе ги декласира од Македонската политичка сцена, па се спремни да предизвикаат нова криза, со што изборите би се прогласиле за неважечи, а Заев и СДСМ сеуште би останале политички фактор во земјата

prilog_vasko_naslovna

Ваквите предупредувачки знаци пристигнаа прво од сопственикот на порталот финансиран од УСАИД и Сорос „Плусинфо“, Бранко Геровски кој во колумна најави дека во овој, втор и последен дел од кампањата пред изборите, се работи за живот или смрт, или како што вели „или тие, или ние!“, повикувајќи на насилие.

Потоа следеа серија повици од страна на активисти на шарените протести, кои ги повикуваа граѓаните на изборни нерегуларности со цел создавање на алиби, како што вели актерот Висар Вишка за предизвикување на нова „граѓанска криза“.

Не само ова, денес дел од „новинарската“ збирштина контролирана од СДСМ, а спонзорирана од Сорос се закани со објавување на дел од бомбите, кои претходно со договорот од Пржино беа забранети, пред крајот на кампањата, најавувајќи нелегални активности во предизборната кампања кои би можеле да бидат причина за прогласување на неважечки избори.

На вакви можни сценарија предупреди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој изјави дека има информации дека СДСМ е во договори со радикални албански структури за предизвикување на изборни инциденти со полнење на кутии.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]- Исто така дознавам дека во последните денови размислувале и заговарале и други идеи. Здружувајќи се со некои подземни структури особено кај албанските радикали, кај порадикалните структури на Албанците во Македонија, разговарале за некакво полнење кутии, заедничко, договорено, незнам какво. Сакам да им порачам да не си играат играчки, затоа што после ни цела албанска дијаспора, од цела Швајцарија, од цел свет нема да ги спаси од овој народ и од сите граѓани на Македонија. И од македонците, и од Албанците, и од Турците, и од Ромите, и од Бошњаците, и од Власите, и од Србите, и од сите останати, рече Груевски.[/kopa_block_quote]

СДСМ, поддржани од Западните сили веќе еднаш предизвикаа крвопролевање во Македонија минатата година, за што призна и еден од уапсените команданти во групата од Диво Насеље, кој тврди дека за акцијата биле запознаени официјални лица од Бондстил но и дипломати во Македонија.

На оваа тема со кандидатот за претседател на Србија, лидерот на српските радикали Војислав Шешељ разговараше и Васко Ефтов во својата емисија „Во Центар“. Според Шешељ нападот во Диво Насеље беше предупредување за Македонските политичари, во смисла испраќање на порака дека „чадорот“ е спремен на се.

 

Според екс-разузнавачот и висок функционер во поранешна УДБА Божидар Спасиќ, базата „Бондстил“ на Косово служи како главен центар за регрутирање на овие радикални, терористички групации кои потоа се испраќаат на мисии секаде низ светот, па и во Македонија. Како што вели Спасиќ, не е возможно една од најсофистицираните и најголеми бази на САД во светот да нема информација и контрола врз нелегалните премини на терористите кои под оружје и во голема група влегувале во Македонија.

 

Освен ова, Спасиќ ги потврдува и сомнежите за тоа кој од каде прислушкувал и кој му ги има предадено снимките на Зоран Заев. Спасиќ вели дека „Бондстил“ има ангажирано врвни експерти, безбедносни аналитичари кои снимаат, а потоа му ги спремале пакетите со снимки на Заев. Редактирани и точно вперени кон одредени луѓе со цел предизвикување криза и евентуална смена на власт.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]„Ова е точно. Кампот Бондстил кој се наоѓа во окупираното Косово е капитална инфраструктурна компонента на хегемонијата на САД низ целиот Балкан и Источна Европа, дури и Медитеранот. Не би се изненадил доколку таканаречените „бомби“ на Заев му биле предадени од американски агенти кои работат во разузнавачките капацитети на Бондстил. Освен тоа, целокупната афера требаше да му даде импулс на т.н. граѓанско општество кое потоа започна со Обоена револуција, со цел рушење на Груевски и претварање на Македонија во ново Косово. Минатиот месец е доказ дека ова бил планот, Заев сака да ја федерализира земјата и да создаде масовна етно-сепаратистичка зона од Албанскиот дел на општеството, на кои сака да им го официјализира и јазикот. За среќа, поголемиот дел од Албанците се свесни за катастрофата на Косово и не може лесно да се убедат во овие ветувања, задоволни од фактот дека веќе уживаат го најголем степен од малцинските права било каде во светот, благодарение на Охридскиот рамковен договор“ – вели во изјава за Инфомакс, аналитичарот Андреј Корибко.[/kopa_block_quote]

Причината за ова според Војислав Шешељ е во тоа што Никола Груевски, кој важи за про-западен политичар, поддржан од сериозни Западни држави е во тоа што Груевски со цел подобрување на економската состојба на државата и обезбедување на просперитет за државата ги отворил вратите за соработка со Русија во рамки на вклучување на проектот Турски тек.

Во изјава за Инфомакс, аналитичарот Андреј Корибко смета дека Шешељ има одлични заклучоци, но додава дека треба да се почека и да се види како новиот претседател на САД Доналд Трамп ќе ја формулира Балканската политика.
[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]„Јас пишував за тоа како би можела да изгледа политиката на Трамп во мојата последна анализа за Инфомакс, но генерално, постои шанса дека тој ќе се обиде да направи договор со претседателот Путин за формирање на сфери на интерес низ Европа, во кои и Србија и Македонија ќе бидат дел“ – вели Корибко.[/kopa_block_quote]

Освен ова, Македонија, а особено Вардарската долина е најважната геостратешка позиција во Европа, и самиот факт дека Кинезите се заинтересирани за заживување на Вардарско-Моравската долина со ниниот проект „Патот на свилата“ од кој Македонија доби сериозни средства како инвестиции од страна на Кина, е уште една, ако не и најголемата причина за предизвикување на дестабилизација на државата.

Како што вели Шешељ, Вардарската долина и проектот Турски тек е огромна шанса за Македонија која секој политичар би требало да ја искористи!

 

Колку за споредба овие шанси ги пропуштија Бугарските политичари, особено оние кои застанаа со поддршка за Зоран Заев, а главно Бојко Борисов кој поради одделеноста од својот народ, не ги слушна барањата на гласачите за интеграција и поблиска соработка со Русија, и на последните избори загуби катастрофално од про-рускиот кандидат Румен Радев. Според Ефтов, ова би требало да биде лекција за сите политичари на Балканот, бидејќи речиси никој не ужива во хегемонијата на Западот.

Освен притисоците кои Западот ги спроведува преку Зоран Заев, СДСМ и т.н. граѓански сектор, во последните изјави на претставниците на ДУИ се почесто може да се слушне заканувачкиот тон кој беше актуелен за оваа партија во текот непосредно по заклучувањето на конфликтот во 2001-та и потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Имено, во последната изјава, портпаротол на ДУИ изјави дека „со Македонија владее УЧК“ барајќи поголеми права од Охридскиот рамковен договор, што во потполност се совпаѓа со барањата на Заев.

За да ги прикрие трагите на своите патрони, Груби се обиде фокусот за виновникот во кризата и службата која ги прислушкувала македонските граѓани, врз некоја „евроазиска“ сила. На ова реагираше Руската амбасада во Македонија, нарекувајќи го овој став на Груби за „хумористичен“ и дека секој нормален граѓанин на оваа држава е свесен за Западното замешателство во креирањето на кризата.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Пред некој ден со голем интерес ја следев предизборната дебата на “Алсат-М”. Браво,господине Груби! Сега конечно благодарение на Вашата изјава дознаваме за “влијание” на некои мистериозни сили во Македонија кои, ете, сакале да создадат безбедносни проблеми и да ги дестабилизираат и земјава, и регионот.

Симптоматично е сепак дека г-дин Груби не наведе никакви конкретни факти кои би ја поткрепиле оваа негова теза, само се повика на некои неименувани “политички истражувања”.

Мислам дека со истиот успех човекот би можел да даде изјава на пример за поткопувачки активности во Македонија од страна на вонземјани или пак на некои мистични сили.

Се создава впечаток дека ваквите небулози имаат за цел исклучиво да го оттргнат вниманието на граѓаните од вистинското мешање во внатрешните работи на Македонија од страна на извесни западни држави кое се слчува веќе повеќе години што отворено го признаваат, па дури и го поздравуваат одделни учесници во истата дебата на “Алсат-М”.
Фрапантни и неспорни факти за таквото мешање, а значи кршење на суверенитетот на Македонија им се добро познати на сите и нема потреба да се спомнуваат пак.

Секои избори кога-тогаш завршуваат. Убеден сум дека обидите на одделни почитичари по секоја цена да го привлечат вниманието на избирачите, па дури и на најекстравагантен начин, да бараат објаснување за актуелната криза во Република Македонија со активности на некои си таинствени “евроазиски сили”, соодветно ќе бидат сфатени од граѓаните со здрав разум и смисла за хумор – стои во изјавата на портпаролот на Руската Амбасада во Македонија, Станислав Лупин.

[/kopa_block_quote]

Македонија е соочена пред турбулентен период во кој ќе биде искористен секој начин за делегитимирање на секој вид на власт во државата, преку обидот за прогласувањето на изборите за неважечки.

Оттука постои само еден излез, масовна излезност на изборите и поддршка за 63 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This