ДИГИТАЛНАТА ВОЈНА И ПАДОТ НА КЛИНТОН: Како МОСАД, ЦИА и НСА ја срушија имепријата на Клинтон откако ја започнаа првата дигитална војна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние сме во небалансирана и нееднаква конфронтација помеѓу демократии кои играат по правилата и некои кои мислат дека демократијата е шега. Не можете да ги убедите фанатиците ако им кажете „еј, омразата те парализира, љубовта те ослободува“. Има различни правила по кои треба да играме.

Но, да почнеме од почетокот на крајот на империјата која повеќе од три децении владееше со една од најмоќните, ако не и најмоќна светска сила.
Правилото дека некогаш треба да се игра по различни правила од оние широко прифатените со цел да се обезбеди фактот дека „љубовта секогаш ќе победи“ над омразат на фанатизмот, ја започнаа токму оние кои така шокирано ја дочекаа сопствената деградација во општеството кое тие го градеа со децении.
Но каде започна падот.

Иранската нуклеарна програма започна во средината на 70-тите во моментите кога САД сметаа дека може да го користат пријателството со Иран и да му ја наметнат улогата на регионален полицаец. Всушност, првите делови за развој на нуклеарна програма, за цивилна но и воена употреба се донесени токму од САД. Првите неколку години, Иран интензивно ја развиваше компнентата на цивилна употрба на нуклеарната енергија, но во моментот кога сватија дека во рацете држат потенцијал кој од Иран ќе направи глобална сила, и дека евентуално би можеле да го поразат нивниот смртен непријател Израел, тогаш започна и глобалната трка за запирање на Иран.

Но, тоа не беа единствените причини поради кои Иран ја започна својата воена нуклеарна програма. Првата заливска војна беше поводот за почеток со оваа нуклеарна војна. Имено, САД го нападна Ирак откако Садам Хусеин изврши инвазија на Кувајт, сметајќи дека таа земја припаѓа во територијата на Ирак. Претходно, Садам Хусеин поведен од својата верба дека тој е новиот Саладин водеше осум годишна војна со Иран тврдејќи дека тие неправедно завземале делови од територијата која историски припаѓа токму на Ирак. Нејсе, по нападот на САД, Иран посведочи дека нивниот непријател со кој се бореле осум години и не успеале да го совладаат, САД успеа за само неколку недели. Тоа беше вистинскиот повод за започнување со нуклеарна програма. Освестувањето дека мечката би можела да заигра и во нивниот двор, го натера Иран да започне со развој на нуклеарно оружје. Тоа, секако не можеше да си го дозволи САД.

iraq-invasion-kuwait

Обидите на американската администрација преку закани да ја спречат нуклеарната програма не вроди со плод, туку напротив, отвори простор за националистичка пропаганда која тогашниот лидер Ахмадинеџад ја употреби за да ја оправда нуклеарната програма пред својот народ, велејќи дека како и сите на овој свет така и Иран има право на соодветна одбрана и дека ниту една голема сила не смее тоа да им го забрани. Секако, Ахмадинеџад беше во право, а тоа ниту малку не им се допаѓаше на административците во САД.
Следеа разни притисоци, политички и економски санкции, атентати, убиства на врвни нуклеарни научници. Залудно.

Нешто пред заминувањето на Џорџ Буш од претседателската позиција, на предлог на израелската разузнавачка агенција МОСАД, но и на воената разузнавачка агенција “Единица 8200„ Буш се согласува на развој на нов вид на неконвенционално оружје. Оружје толку страшно, што во еден момент може да ја збрише капиталната инфраструктура на било која нација во светот, и притоа никој да не биде одговорен.

Ако веќе погодувате, да олеснам, се работи за сајбер оружје.

iran_virus

Буш се согласува на идејата, по што со заеднички сили ЦИА, НСА и МОСАД започнуваат операција наречена „Олимписки Игри“. Истата има за цел да ја таргетира и онеспособи нуклеарната инфраструктура на Иран, која низ годините почна да станува сериозна. Во еден момент, Ахмадинеџад најави дека сега Иран е спремен и да произведува нуклеарно гориво и да го продава.

Се работи за компјутерски вирус, кој има за цел да се инфлитрира во внатрешната мрежа на нуклеарната инфраструктура во Иран, и да ги онеспособи или уништи сите можности а производство на нуклеарно гориво, без разлика дали е тоа осиромашен ураниум кој најчесто се користи во цивилни цели или збогатен ураниум кој се користи меѓудругото и за развој на нуклеарно оружје.

Во моментот кога започнува реализацијата на заедничката операција некаде во 2007-2008 година, во Иран се наоѓа само еден објект во кој се произведува нуклеарен материјал. Објектот „Назан“.

Објект сместен во среде пустина, под екстремно високо ниво на обезбедување, и со никаква поврзаност со надворешниот свет. Ниту класичен телефонски приклучок, ниту интернет, дури и посебна единица за производство на струја.
Вирусот се инфилтрира преку користење на надворешни компании кои работат како добавувачи и одржувачи на објектот во кој се произведува нуклеарното гориво. Веднаш по имплементирањето, Иран се соочува со потешкотии. Имено, две недели од имплементацијата на вирусот во мрежата во „Назан“ започнуваат и првите проблеми. Експлодираат центрифугите кои треба да го збогатат ураниумот, а притоа никој не може да го пронајде проблемот.

Во, 2010 година тогашниот претседател Барак Обама потпишува акт со кој се одобрува натамошна разработка на овој начин на војување, со што вирусот добива буџет од неколку милијарди долари за доразработка и развој. Истиот редовно добива надоградувања, некаде до 2012 година кога Израел смета дека вирусот е премногу пасивен и дека треба да биде поагресивен.

Тука почнуваат проблемите.

Бидејќи капацитетите на МОСАД во овој конгломерат на разузнавачки агенции биле користени со цел да се пренесе компјутерскиот вирус до мрежа која не е поврзана со надворешниот свет (интернет), истиот мора да биде пренесен физички. Директно во мрежата преку употреба на надворешни елементи кои го содржат истиот, а имаат допир со мрежата во „Назан“.

Во една прилика, МОСАД или „Единица 8200“ сметајќи дека вирусот не е доволно агресивен, го доработува пред да го испорача, без дозвола на ЦИА и НСА и го испорачува до „Назан“.

nsa11

Променет, истиот почнува да се однесува надвор од очекувањата на оние кои го создале, и истите губат контрола врз сопствената креација. Неколку недели подоцна, благодарение на недостатоците кои биле превидени од техничарите во израелските разузнавачки служби, вирусот се шири надвор од „Назан“, компромитирајќи повеќе мрежи и компјутери. Тогаш за прв пат е регистриран од страна на компанија која се занимава со сајбер безбедност во Русија и Белорусија. Тогаш почнуваат и големите проблеми.

Откако Иран дозна дека САД извршиле инвазија во Иран во мирнодопско време без декларирање на војна, а сајбер нападот се смета за акт на војна бидејќи во процесот беше уништена цела нуклеарна инфраструктура на една земја, властите во Техеран решија дека е конвенционалниот начин на војување е веќе застарен, и започнаа со формирање на таканаречени Сајбер бригади.

Официјалниот амблем на Сајбер армијата на Иран
Официјалниот амблем на Сајбер армијата на Иран

Ако во 19 век имаше копнени и морски сили, во 20-от век на овие беа додадени и воздушните сили, во 21-век војувањето доби и четврта димензија, сајбер војување.
Благодарение на нападите од страна на САД, Иран имаше можност тоа да го искористи спроведувајќи огромна пропаганда кампања која резултираше со регрутирање на најголемата сајбер армија која ја има светот. Да, Иран е можеби најмоќната земја кога станува збор за сајбер војување.

Не само што ја рестартираа нуклеарната програма, туку во процесот станаа и сила со која дури ни САД не сакаше да си ги тестира шансите. Имено, Иран во 2013 година изврши два сајбер напади врз САД во кои во едната прилика беа онеспособени 30.000 компјутери на најголемата нафтена компанија „Сауди Арамко“, и врз 46 финансиски институции во САД меѓу кои „Џеј пи морган“, „Велс Фарго“, Американ Експрес.

Тоа беше почетокот на преговарачкиот процес меѓу САД и Иран кој 14 јули 2015 година резултираше со потпишување на договорот помеѓу двете земји со кој беа подигнати санкциите врз Иран од страна на таканаречената западна цивилизација.

Иран доби неколку ограничувања во однос на нуклеарната програма, имено за две третини беше намален обемот на истата, а САД доби осигурување дека сајбер војната ќе запре. Затоа што САД има многу повеќе да изгуби од истата за разлика од Иран. Замислете 24 часовно исклучување на струјата на Источниот брег на САД. Тоа ќе предизвика поголеми разурнувања од било која нуклеарка.

Секако, потпишувањето на овој договор ги разгневи Израелците кои го сметаат Иран за поголема закана од фашистичка Германија, можеби и со право. Со години Иран се заканува дека ќе го уништи Израел и нема да остави ниту еден жив како што вели Ахмадинеџат „ционист“.

Сетете се на говорот на Бенџамин Нетанјаху на 1-ви октомври 2015 година на Генералното Собрание во Обединетите нации. Тоа беше говорот кој го означи крајот на Изралеско-американските добри односи. Барем кога станува збор за поддршката на било кој високопозициониран политичар во САД од демократска проминенција. Имајте во предвид дека Нетанјаху во период од само неколку години стана еден од најглемите сојузници на Путин.

Во мојата изјава дека ако американската администрација сака да му наштети на било кого, тоа може да го направи без разлика дали има контрола врз таканареченито „длабок“ интернет (deep web), тогаш тоа ќе го направи и во процесот ќе ги користи бенефитите на истиот.
snowden_assange
Имено, овој скандал со првиот сајбер напад врз една држава од страна на САД беше обзнанен на јавноста токму преку документите кои Едвар Сноуден му ги достави на Џулијан Асанж, користејќи го овој концепт на вмрежување, т.н. длабок интернет.

Што може да не натера да мислиме дека токму оние кои се наоѓале позади компјутерските екрани во НСА или ЦИА, или пак МОСАД не го направиле тоа?
При објавувањето на дел од документите поврзани со овој сајбер напад, Барак Обама промтно реагираше и веднаш отпушти неколку генерали, меѓу кои и Џејмс Картврајт заменик-претседавач со здружената команда. Токму Обама упати сериозни закани дека секој кој ќе биде фатен или ќе биде доведена во прашање неговата лојалност ќе се соочи со консеквенци.

Зошто тогаш, не би можеле да заклучиме дека токму администрацијата на САД, особено таканареченото разузнавачко општество во САД не е вистинската причина поради која Доналд Трамп, а не Хилари Клинтон е новиот претседател на САД?

Високото разузнавачко општество во САД има неопходност од добра соработка со Израел. Еврејското лоби има исклучително добри врски во администрацијата на САД, особено во воениот комплекс каде што и имаат најголем интерес. Хилари Клинтон, Обама, Џо Бајден беа луѓето кои се обидоа целата вина за сајбер нападот врз Иран да ја префрлат врз Израел, а со тоа ставајќи и голема црвена мета на грбот на секој Израелец.

Оваа екскурзија ги чинеше губење на секаков допир со било каква форма на власт, не само во САД туку и во светот.

Но, што можеме ние да искористиме од оваа лекција?

Македонија е мала земја, со мал воен потенцијал. Сепак, Македонија има море на недопрен потенцијал и интелегенција која недоволно или воопшто не е искористена, ниту стимулирана да размислува во оваа насока.

Прилично сум сигурен дека на планот на сајбер војување Македонските безбедносни сили стојат на рамниште еднакво со нула. Не случајно беше пробиен разузнавачкиот систем, и доколку утре биде констатирано дека било прислушувано од техниката сместена во УБК, никој не би требало да биде изненаден. Можностите за прикривање на трагите од страна на оние кои имаат интерес во дезинтеграција на безбедносните служби е неограничена, а одозгора вината ќе ја накалемат врз нас. Врз сето ова ставете го и фактот дека владата на СДСМ потпиша договор со САД за непречено следење на комуникациските водови кои безмалку за целиот Балкан поминуваат токму низ Македонија, и ќе го најдете решението на равенката.

Нуклеарниот капацитет, војската, оружјето се повеќе го губат своето значење во модерниот свет, голема војска не значи и силна држава. Напротив, знаењето е сила.

Преку темнината на патеките низ кои маршираме, доброто и лошото живеат заедно и ова е природата на животот.

Александар Митовски
Центар за истражување и Анализа

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This