Диего Марадона има потекло од Бaлканот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Помина една недела откако почина Диего Армандо Марадона. Во овој период беа раскажани многу приказни, практично да немаше човек од светот на спортот, а особено од фудбалот да не каже нешто за Диего.

Имаше многу неверојатни приказни, а една од нив е дека најдобриот фудбалер на светот на сите времиња потекнувал од овие простори, т.е. од Балканот.

Приказната вели дека Диего по потекло од мајчина страна потекнува од Хрватска, поточно од островот Корчула. Доколку е вистинска, приканата е следнава:

Неговиот прадедо по мајка се викал Матеј Кариолиќ и роден бил на Корчула, од каде е и Марко Поло. Тој Матеј емигрирал во Аргентина, како и многу други од Балканот, па таму го променил името во Метју Кариоличи.

Неговата ќерка, која ја добил во Аргентина, се викала Салвадора Кариоличи и била во брак со Рамон Франко, а во тој брак родена е мајката на Диего, Далма (така се вика и една од ќерките на Диего). Интрересно е тоа што во тоа време многу девојчиња кои потекнувале од Далмација го добивале името Далма.

Инаку целото име на мајката на Диего е Далма Салвадора Франко.

Навистина интересна приказна, која на прв поглед делува како научна фантастика, но којзнае, можеби е вистинска и големиот Диего навистина има потекло од овој дел од светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This