УН ДИЕТА: Гарантирано и здраво слабеење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа диета има за цел, покрај намалување на вишокот на килограми, да доведе и до промена на метаболизмот во организмот, со што се гарантира дека намалените килограми нема да се вратат.


Диетата трае 90 дена а за тоа време може да се озлабне 18-25 кг. Ако е потребно намалување на помалку килограми, диетата може да се прекине, но тогаш не може да дојде до промена на метаболизмот.

ПОЈАДОК: СЕКОГАШ Е ИСТИ, СИТЕ 90 ДЕНА, САМО ОВОШЈЕ
Овошјето се јаде во пар (2 јаболки, 2 крушки, 2 портокала) или дланка ситно овошје.
Диетата секогаш започнува со протеински ден и после овошниот ден продолжува со протеински ден.

РЕДОСЛЕДОТ НА ДЕНОВИТЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕНУВА

ПРВИОТ ДЕН – ПРОТЕИНСКИ ДЕН

РУЧЕК: Месо варено или печено, во количина од 3 хотелски шницли, 1 парче леб, салата во неограничени количини и за крај 2 дкл (шоља) супа без тестенини. Супата задолжително мора да се испие.
Месото може да се замени со 3 јајца варени или печени.
Само овој ден може да се јаде сирење, млеко и млечни производи.
ВЕЧЕРА: Исто што и за ручекот, само без супа. Треба да се води сметка, ако за ручекот било месо, мора и за вечера, ако биле јајца мора да бидат јајца и за вечера. Ако во оброкот се додава сирење, треба да се намали од месото или од јајцата за количината на сирењето.

ВТОРИОТ ДЕН – СКРОБЕН ДЕН

РУЧЕК: Грав, грашок, боранија, леќа, ориз, компир, задолжително варење со додатоци на зачини сол, вегета, бибер, кечап, доматен сос, оригано, лорбер, и 1 парче леб и салата.

ВЕЧЕРА: Истото што и за ручек, само во помала количина.
(количината од се што јадете за ручек, треба да биде полна длабока чинија, а за вечера половина од тоа).

ТРЕТИОТ ДЕН – ХИДРАНТЕН ДЕН

РУЧЕК: Варено тесто (макарони, шпагети, јуфки, тарана) со додатоци на зачин. Пица само со кечап, или било кое солено тесто, во количина како една пица во пицерија.

ВЕЧЕРА: Две помали парчиња торта или 3-4 парчиње колачиња или 3 кугли сладолед. Задолжително да се јаде 1 штангла чоколадо за варење.

ЧЕТВРТИОТ ДЕН – ОВОШЕН ДЕН

РУЧЕК И ВЕЧЕРА: Мешано овошје.

Три пати за време на диетата (еднаш месечно) треба да содржи ВОДЕН ДЕН, кој секогаш доаѓа после овошниот ден, а после него се продолжува со протеинскиот ден. Кафето и чајот може да се пијат во неограничени количини, само без шеќер.

После завршената диета се јаде нормално, со тоа што за појадок останува задолжително овошјето, барем уште 90 дена. Ако во наредните три месеци, од завршувањето на диетата намалите 3 кг., тоа значи дека дошло до промена на метаболизмот, а ако не намалите ништо, диетата треба да се пофтори по 90 дена.

Доколку е потребно да се намалат повеќе килограми, диетата не смее да се продолжи едно по друго, мора да се направи пауза од 3 месеци.

Изгледа комплицирано но всушност не е. Количината на храна е поголема од вообичаената што секојдневно ја внесуваме, а сепак без оглед на тоа килограмите се намалуваат. Се случува првите 10 дена од диетата да не се намалат килограми, тое не треба да ве обесхрабрува, затоа што потоа наеднаш може да се симан 3-4 кг.

Ако понекогаш пиете сок, внимавајте тој нека биде газиран (содржи помалку шеќер). Во текот на диетата ништо не смее да се прескокнува, затоа што секоја намирница има своја намена без која организмот не смее да остане. Не е вообичаено за појадок да јаде овошје, но затоа организмот најпрво од него го искористува интегралниот шеќер кој го хранинервниот систем, или пак чоколадата, таа спречува алергии кои се присутни токму при држење на диетите.

Препорачливо е, на половина од држење на диетата да го исконтролирате крвниот притисок и крвната слика. Сите кои ја држеле оваа диета намалиле најмалку 10 кг. без било какви здравствени проблеми. Луѓето кои патат од зголемен крвен притисок, само после неколку недели од диетата, немаат потреба од користење лекови.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This