ДИЕТА СО ЦИМЕТ: Како да загубите вишок килограми со користење на цимет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Циметот е еден од најпопуларните и најароматичните зачини, бројни се неговите делотворни својства, а едно од нив е што ни помага да го загубиме вишокот на килограми.

Малку наросен цимет во храната која ја јадете, млекото кое го пиете или во чајот и кафето, се доволни за забрзување и регулирање на метаболизмот, а со тоа и за полесно губење на килограмите. Не заборавајте на вашиот сојузник – циметот, најмалку три пати во денот.

Наутро

Започнете го денот со цимет. Утринскиот чај ќе биде уште повкусен ако додадете во него малку цимет. Воедно, ќе направите од него средство за слабеење. На еден филџан чај оптимално е да се стави една кафена лажичка цимет и една лажичка мед (што изнесува вкупно околу 40 калории). Циметот и медот се одлични сојузници во борбата против килограмите. Може да приготвите и чај од ловор во кој ќе додадете цимет и засладувач, одлично делуваат како тандем за согорување на мастите.

На пладне
Како меѓуоброк конзумирајте сок од 2 цедени јаболка со 1 лажичка цимет. Или сок од цеден лимон или грејпфрут со цимет. Уште подобро ако направите смути од сите овие овошки (по една овошка лимон, јаболко и половина грејпфрут плус лажичка цимет).

Попладне
Во попладневните часови циметот комбинирајте го со ѓумбир. Циметот и ѓумбирот се уште една совршена комбинација за топење на масните наслаги. Всушност, овие две состојки станаа синоним за природни средства за слабеење. Повторно додадете мед (две мали лажички), 1 лажичка цимет и половина лажичка ѓумбир. Измешајте ги со вода и така испијте ги, или пак може да ви послужат како намаз за парче тост кога е време за ужина.

Навечер
Во вечерните часови повторете ја постапката со цимет, мед, ѓумбир и чаша вода, пред да одите на спиење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This