Диктaтypa: Пaлeвcки нa инфopмативен paзговор за cpeдниот пpcт пpeд бугapcка амбacaда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љупчо Палевски е повикан на информативен разгвор во полициска станица порад тоа што повика на изразување револт за негаторсиот однос кон македонската држава на Република Бугарија. Тој повика сите граѓани кои не се согласуваат со бугарскиот однос кон Македонија да покажат среден прст кон бугарска амбасада и да се фотографираат.

#ПОЛИЦИЈА: Денов почна со информативен разговор за акцијата селфи: #СреденПРСТзаБУГАРИТЕ.

Нормално, ги знаеш?? не ги знам и така, се уредно сликале микале…и така #ПОЛИЦИСКАдржава, не сме држеле дистанца…тоа е. Попатно, во истрагата за физичкиот напад врз мене, ова куртонско МВР не ги знае напаѓачите…инспекторот кој го водеше случајот го сменија иако беше максимално коректен и активен…класика за куртонската дружина од МВР со се министерот Кратовачки Оливер Спасовски. Ќотекот инаку е КОНСЕНЗУАЛЕН, договорка Зајеб, Веруш, ЛикотМијале, а Мицко само е употребен….толку, следи објава на истрагата…доста маткање гомна полициски.Едниот тепач е шиптар, бивш вработен во МВР, кој е осуден на издржување затвор, но цели 3 години не оди у затвор затоа што го користат за вакви инстант нарачки.

Другиот е копиле од АутоКоманда, ситен криминалец, возач на Скутерот опремен со боксирач. МВР е обична шабанска збирштина во политичка функција за вршење репресија..ништо повеќе, објави Палевски на Фејсбук.

Полицијата го следи и го санкционира говорот на омраза на социјалните мрежи поврзан со актуелните случувања со Бугарија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека за ова соработуваат со бугарските колеги.

Ги следиме, преземени се одредени истражни дејства за одредени фејсбук-групи и на други мрежи. И ова не е само за ситуацијата туку и генерално, бидејќи проблемот со говорот на омраза е сериозен, создава непријателства и во други држави, иако во овој период е малку поизразено поради состојбата, изјави министерот.

Тој рече дека секојдневно соработуваат и со бугарските колеги, со тамошното МВР, за вакви случаи таму и за секое друго прашање – говор на омраза, организиран и транснационален криминал, миграција, и тоа не само со соседните земји туку и со сите земји во регионот и во ЕУ.

И премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се пофали дека брзо реагирале за да го расчистат случајот со палењето на бугарското знаме, но и дека го разрешиле новинарот Зоран Иванов од Извршниот одбор на МИА поради Фејсбук статус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This