April 24, 2024, 10:58 pm

ДИК: Ако нема доволно пријавени нема да има гласање во дијаспорат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Токму од оваа причина, а за да им биде овозможено на сите граѓани да го остварат своето избирачко право, ги потсетуваме граѓаните дека документи кои се прифаќаат како потврда за докажување на привремен престој во странство повеќе од три месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година се документи издадени од надлежен орган на странската држава, каде граѓанинот престојува и каде што сака да гласа, вели Љупка Гогучевска, портпарол на ДИК.

Во исто време се намалуваат и спорните записи во избирачкиот список. До денеска преку веб апликацијата на ДИК своето избирачко право го потврдиле вкупно 407 граѓани. Од комисијата апелираат до граѓаните кои сакаат да гласаат на предвремените парламентарни избори навреме да проверат дали се дел од списокот со спорни записи, бидејќи ова е последна шанса за пријавување.

Државната изборна комисија се обрати и со лични писма испратени на домашна адреса до сите овие граѓани поединечно, а во соработка во медиумите ја води и кампањата „Провери и пријави се.“ Пријавата може да се поднесе електронски, на prijava.sec.mk, како и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК низ Република Македонија, потенцира Гогучевска.

Јавен увид во избирачкиот список пак до вчера извршиле близу 4000 граѓани. Рокот за сите овие изборни дејствија ќе трае  до 11 ноевмври на полноќ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This