ДИК: Гласањето се продолжува до 19:30 часот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија повикува на воздржаност од политички активности до 19:30 часот, со цел затекнатите граѓани на избирачките места да можат да го остварат своето право на глас.
– Во согласно со Изборнот законик гласањето завршува во 19 часот. Во врска со гласањето каде се затекнати гласачи пред објектот ДИК смета дека е добро да се излезе во пресрет на гласачите и затоа повикуваме до 19.30 часот да се воздржат од активности партиите, медиумите и сите други. ДИК смета дека ова е најдобро решение, информираше на вечерашната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.
Даштевски, информираше дека резултатите ќе бидат внесени директно од избирачките места за првпат во историјата и ќе бидат достапни на веб-страницата на ДИК за Локалните избори 2021.
– Сега би одел со излезноста. Што се однесува до излезноста на 2.785 избирачки места процентот е 79,25. Вкупен број на запишани избирачи на тие места е 1.415.409, вкупен број на избирачи кои гласале на тие места од кои пристигнале податоци е 697.637, а процентот на избирачи кои гласале во изборните места од кои пристигнале податоци е 49,29, изјави Даштевски.
Следната прес-конфернеција на ДИК е закажана во 21 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This