April 25, 2024, 11:28 am

ДИК ГО УСВОИ НОВИОТ ПРАВИЛНИК ЗА ПРИГОВОРИ: Измените и условите од новиот правилник ќе важат само за Референдумот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија на денешната осма седница ги усвои записникот од седмата седница, Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори, Прирачникот за едукација на изборните органи и обрасците за спроведување на референдумот 2018.

ДИК ги разгледа и барањата за неприфаќање на извршување на должност во избирачките одбори кои ќе го спроведуваат гласањето во странство, а на седницата беше извршен и случаен избор на членови на избирачките одбори кои ќе ги заменат и ќе го спроведуваат гласањето во странство.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски рече дека Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори е документ кој ги уредува начинот и постапката за решавање на приговорите во текот на референдумот на 30 септември. Посочи дека Правилникот е согласно Законот за референдум и Изборниот законик.

Јанаќе Витановски, член на ДИК, рече дека Правилникот ќе се применува само за референдумот.

Деркоски рече дека Прирачникот ќе послужи за едукација на органите кои треба да го спроведат референдумот, а тоа се општинските изборни комисии, а понатаму и избирачките одбори.

– Во него се специфицирани одлуките на референдумот за да се разграничат некои работи во однос на изборниот процес кои ги има оваа цела и на тој начин се обидовме преку утврдување на овој текст да им помогнеме на општинските изборни комисии околу разрешување на дилемите околу некои прашања што евентуално би биле проблематични во текот на организацијата и спроведувањето на референдумот, истакна Деркоски.

Додаде дека по усвојувањето на Прирачникот ќе се премине кон негово печатење, по што ќе следи обуката на општинските изборни комисии која ќе биде организирана наредните денови од страна на ДИК.

Витановски рече дека ќе има по тројца членови на избирачки одбори и тројца заменици, а претходно имало по пет членови и пет заменици. Додаде дека од 10 септември до 20 септември ќе се одржи обуката на општинските изборни комисии, а од 20 септември до 25 септември ќе се одржи обуката на избирачките одбори од страна на општинските изборни комисии.

Според членот на ДИК, Борис Кондарко, сите општински изборни комисии имаат сериозен пристап и ги преземаат сите дејствија во оваа фаза на процесот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This