ДИК го усвои Роковникот за изборите на 11 декември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија (ДИК) откако денеска ја доби одлуката за распишување на предвремени парламентарни избори на 11 декември попладнево одржа седница на која беше усвоен роковникот за извршување на изборните дејствија.

dik-nova

Врз основа на овој роковник, Избирачкиот список ќе биде ставен на увид на 28 октомври, а увидот ќе заврши на 11 ноември. Десет дена подоцна односно на 21 ноември ДИК ќе го заклучи Избирачкиот список, а на 1 декември треба да ги потпише изводите од Избирачкиот список.

За време на јавниот увид, како што објасни членот на ДИК Субхи Јакупи, право да се пријават за гласање ќе имаат 30.447 гласачи кои беа со спорни записи за време на последното прочистување на Избирачкиот список.

Пријавувањето за гласање на македонски државјани кои живеат во странство може да започне веќе од утре зашто ДИК има изготвено  посебна апликација. Пријавувањето и на овие граѓани ќе трае исто така до 11 ноември.

Листите на кандидати за пратеници полититичките партии и независните кандидати треба да ги достават до ДИК најдоцна до 11 ноември на полноќ, а ждрепката за редоследот според Роковникот треба да се одржи на 20 ноември. Изборната кампања започнува на 21 ноември, а завршува на 9 декември.

Според Роковникот што го усвои ДИК на попладневната седница партиите до Комисијата треба да достават три финансиски извештаи и тоа на 1 декември, 10 и 26 декември.

Членовите на ДИК на денешната седница усвоија барање што ќе биде доставено до Министерството за внатрешни работи за доставување на податоци за граѓаните.

Исто така  ќе биде упатено барање до Министерството за информатичко општество и администрација за доставување податоци за вработените во државната и општинската администрација, администрацијата наГрадот Скопје, како и јавната администрација, а од Министерството за надворешни работи ќе бараат податоци за дипломатите вработени во соодветното дипломатско конзуларно претставништво заради избор на претседател и заменик претседател на избирачки одбори за спроведување на гласање во декапеата.

Членовите на Државната изборна комисија попладнево  ги прецизираат документите што ќе бидат потребни за лицата кои живеат надвор од Република Македонија повеќе од три месеци, а не се евидентирани дека не живеат во Македонија за да можат и тие да се пријават и да гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This