April 19, 2024, 11:00 pm

ДИК: Избори во дијаспората ќе се организираат ако се пријават 6.478 гласачи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмногу пријавени за гласање во дијаспората има во Дипломатското конзуларно петставништво во Детроит, САД

dik-sporni-zapisi-70495

ДИК  на прес-конференција апелираше до македонските државјани во странство да ја искористат можноста за пријавување за гласање за предвремените парламентарни избори до 11 ноември. Оттаму информираат дека  за гласање во странство се пријавиле 6.639 граѓани и оти прифатени се 6.059, 134 се одбиени, а 446 се во обработка.

Од ДИК посочуваат дека согласно одредбите од Изборниот законик, еден пратеник во седмата изборна единица ќе биде избран доколку листата на кандидати за пратеници освоила најмалку онолкав број на гласови со којшто е избран пратеник со најмалку број на гласови во изборните единици во Република Македонија на последните парламентарни избори.

Според резултатите од последните парламентарни избори од 2014 година тој број на гласови изнесува 6.478.

Тоа би значело и дека избори во седмата изборна единица ќе се организираат доколку ДИК заклучно со 11 ноември прифати најмалку 6.478 од поднесените пријави, изјави на денешната прес-конференција Љупка Гугучевска, советник во ДИК.

Според информаиците од Комисијата, најмногу пријавени за гласање во дијаспората има во Дипломатското конзуларно петставништво во Детроит, САД.

Синоќа до 19 часот во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК низ државата јавен увид во Избирачкиот список извршиле 3.891 граѓани.

До денеска пак до 13 часот преку веб апликацијата пријавување за запишување во Избирачкиот список извршиле вкупно 407 граѓани од 29.858 чии записи по извршените вкрстени и теренски проверки останале некозистентни во Избирачкиот список.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This