March 29, 2024, 11:52 am

ДИК нe caка да и плати на ДУНА компјутери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија не сака навремено да се раздолжи со компјутерската фирма „Дуна“ која што за околу 17.000 евра го доби тендерот за набавка на софтвер за веб сајтот, кој вечерта на 15 јули падна додека целата јавност беше пред екраните , очекувајќи ги првичните резултати од гласањето. Менито за покажување на прелиминарните резултати неколку дена беше „мртво“ додека ИТ-експертите долго време се обидуваа да го подигнат.

ДИК до сега со околу три милиони евра веќе ги исплати сите членови на избирачките одбори, телевизиите за пренесувањето на кампањата, печатниците и маркетинг-агенцијата, но на „Дуна“ не сака да му ги префрли парите се додека, како што велат од таму, не се утврди официјално дали операторот сноси вина за падот на интернет страницата.

– Уште истата вечер беше повикано МВР и останатите надлежни служби и од таму беа испраќани екипи и следните денови. Сега ние го чекаме официјалниот извештај од истрагата за да видиме дали тука има пропуст или не од страна на операторот. Според тоа, ние ќе утврдиме дали треба да се плати услугата или не, велат неофицијално од ДИК.

Извор: Фактор

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This