April 19, 2024, 12:21 am

ДИК: Потписи за претседателски кандидат обезбедија само Пендаровски, Силјановска и Река

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тројца кандидати ги собраа потребните 10 илјади потписи за претседател на државата.Ноќеска на полноќ истече рокот за собирање потписи за претседателската трка.Од државната изборна комисија велат дека во текот на утрешниот ден ќе заврши пребројувањето на собраните потписи за седумтемина кандидати.

Потребниот број потписи ги собраа кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска – Давкова и Блерим Река“, информираат од државната изборна комисија.

Освен нив, потписи за претседателски кандидат собираа уште Филип Петровски, Димче Петровски, Јосив Мирчевски и Господин Поповски. Од ДИК велат дека Бројот на собрани потписи, тие ќе ги дознаат откако ќе заврши пребројувањето во општиниските изборни комисии.

Собирањето потписи траеше две недели.Сега почнува да тече рокот во кој кандидатите кои ја добија поддршката со 10 илјади граѓански потписи, треба да ги поднесат своите кандидатури.Крајниот рок за ова е 21 март.Со почетокот на идниот месец ќе стартува изборната кампања.

Во меѓувреме, кандидатите за претседател веќе се во неофицијална кампања по трка на гласови.Нивните секојдневни активности се врзани со посети и средби на граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This