ДИК СЕ ТРЕСЕ НА ЛАДНО ВРЕМЕ: Диковци нервозни го бараат „свиркачот“ кој ја издал информацијата за бонусите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голема нервоза владее во ДИК откако јавноста дозна дека Александар Чичаковски и бандата во изминатите две години си се почестиле со дополнителни 12 плати или вкупно 126.000 евра народни пари. Наместо да најдат начин, како што велат законски, да ги вратат парите, членовите и раководството на ДИК на сите начини се обидуваат да го откријат свиркачот кој ја изнел информацијата за бонусите од четирите ѕида на Државната изборна комисија.

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски веќе се разделил со третина од 12.000-те илјади евра од бонусите. На невладината организација „Полио плус“ ѝ префрлил 260.000 денари, односно нешто повеќе од 4.000 евра. Засега не се знае како планираат останатите членовите на ДИК да ги вратат парите од наградите, откако на последната јавна седница беше донесена одлука дека секој од нив индивидуално треба да одлучи дали да ги донира парите во хуманитарни цели или да ги врати во Буџетот на Република Македонија.

Според грубите пресметки, само деветте членови на ДИК во изминатите години исцицале околу 126.000 евра и меѓусебно си поделиле по 14.000 евра, а исто така наградени биле сите вработени во ДИК, вклучувајќи ги и членовите на изборната администрација

Дополнителните непристојни бонуси што ги заработувале членовите на ДИК затоа што својата работа си ја вршеле професионално и совесно, со години директно се одразувала и врз џебот на членовите на избирачките одбори низ Македонија, кои тврдат дека во последните две години не добиле ниту денар за нивното учество во организацијата на изборите.

На диковци слатки им се и патните трошоци

Освен плата и бонуси, дел од членовите на ДИК добиваат и огромни суми за патни трошоци затоа што наместо службени возила, ги користат сопствените, а за тоа се исплаќаат поголеми износи.

Силвана Бонева, како член на ДИК, добила 12.000 евра за патни трошоци. Но, лани, кога информацијата беше обелоденета, Бонева се откажа од барањата за исплата на патни трошоци за следните неколку месеци.  Пресметките покажуваат дека Бонева за две години, колку што е во ДИК само за патни трошоци, земала 12.000 евра. Тука е и платата која за две години изнесува 24 илјади евра.

Нејзиниот колега Атанас Урумов, кој доаѓа од Гевгелија, добил патни трошоци во износ од 11.500 евра.  Тука се и дополнителните „бонуси“ од 12.000 евра, како и платата, што за две години изнеусва 24.000 евра.

Сега веќе поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, добил 5 илјади евра за патни трошоци како и по 1.000 евра плата за месеците додека беше во ДИК, и дел од бонусите.

За разлика од Бонева, Урумов и Бедредин кои ги користат сопствните возила, за што добиваат огромни суми за патни трошоци, Игор Милев, Реџеп Прекопуца и Александар Чичаковски – добиваат пари за гориво за службени возила. Со тоа, тие прават и драстично помал трошок на Државната изборна комисија. И тоа Милев и Прекопуца од околу 1.000 евра, а Чичаковски 130 евра. Најмногу трошоци за гориво потрошил Субхи Јакупи и тоа околу 2.800 евра. Додека Дума и Срцев немаат дополнителен трошок од она што им се пресметува како плата.

Според информациите на Телевзија 24, иако на сите членови на ДИК им било понудено да користат службени возила, за што ќе добиваат одредена сума за трошоци за бензин, тоа не го прифатиле сите, па затоа и има такви драстични разлики во сумите за патни трошоци.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This