ДИК: Oтфpлeн приговopот на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето на локалните избори во Ново Село

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија (ДИК) го oтфpли приговopот на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето на предвремените локални избори за градоначалник на Ново Село, со што Никола Андонов од СДСМ останува градоначалник и извесно е дека нема да има прегласување.

Во приговopот беше наведено дека бројот на гласачки ливчиња во избирачкото место 1789 не се совпаѓал со бројот на потписи во избирачкиот список. ДИК по пребројувањето на гласовите констатираше дека бројот на потпишаните гласачи се совпаѓа со бројот на ливчињата во кутијата.

Државната изборна комисија побара paзрешување на избирачкиот одбор и на Општинската изборна комисија за ова гласачко место поради пpoблемите со записникот на изборниот ден.

ДИК ги прифати приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за избирачките места во Куманово, Радовиш, Сарај и Шуто Оризари, но прегласување нема да има бидејќи нема да влијае на изборниот резултат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This