ДИЛАВЕР БОЈКУ УБИЕН ВО КРВНА ОДМАЗДА: Убиство направено од братот и синот на Бојку го чинеше живот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дилавер Бојку е убиен попладнево пред ресторанот на плажата во центарот на Струга. Според првичните неофицијални информации кои ги објави порталот МКД.мк, се работи за крвна одмазда за убиство сторено од синот и братот на Бојку.

 

Бојку е познат од македонското подземје и „балкански бос“ на проституцијата.Тој бил тешко ранет, а на повредите им подлегнал во струшката болница. Во тек е увид на местото на настанот и голема потрага на полицијата по осомничениот за убиството.„Алсат“: Убиецот избегал со моторцикл

Засега непознато лице во 16.45 часот дошло до Бојку додека тој бил на својата плажа Аква Блу на струшкото крајбрежје. Истрелал кон него неколку куршуми од огнено оружје.

-Според очевидци, напаѓачот потоа брзо се качил на моторцикл и побегнал во непознат правец, објави Алсат.

Лекари во струшката болница за Алсат информираа дека најверојатно Бојку бил погоден со неколку куршуми во пределот на главата, а во медицинскиот центар бил донесен веќе починат.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This