Димитриевски: Нудиме добри решенија за нашиот град, за нашите граѓани и анализите го потврдуваат тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во вечерашното директно вклучување во Дневникот на телевизија Сител информираше дека концептот за независна кандидатура за градоначалник на Куманово кој во текот на денот беше промовиран е следниот победник на изборите во оваа општина.

„Ние сме соочени да се натпреваруваме со кој било останат кандидат од која било политичка партија или граѓанска опција, затоа што нудиме добри решенија за нашиот град, за нашите граѓани и повеќе од јасно е дека и анализите го потврдуваат тоа“, потенцираше Димитриевски.

Димитриевски изјави дека се залага за застапување на граѓанскиот концепт и пристап.

„Впрочем така и ја извршувам оваа одговорна функција градоначалник како градоначалник на сите граѓани на општина Куманово, притоа не делејќи ги на политичка, верска или било каква етничка припадност, бидејќи сепак градоначалничката позиција е да се биде градоначалник на сите. Целата оваа иницијатива дојде токму од граѓаните и голем број на поддржувачи, членови и активисти и симпатизери коишто дојдоа и побараа од мене покрај внатрепартиската постапка да излезам со еден ваков концепт и да побарам граѓанска поддршка. Во секој момент сум отворен и верувам дека моето актуелно политичко раководство на партијата ќе изнајде начин и сили до последен момент да подржи една ваква кандидатура“, рече Димитриевски.

Димитриевски посочи дека во ниту еден момент не го свртил грбот на социјалдемократската идеа, а најмалку на членовите на Социјалдемократскиот сојуз.

„Но, за жал исто така нема да дозволам и да бидам составен дел на одредени политички интриги на поединци во склопот на мојот политички субјект коишто извршуваат одговорни и политички функции. Затоа ја послушав иницијативата на граѓаните и денеска се одлучив на ваков потег. Се заблагодарувам на сите кумановчани коишто денеска дадоа масовна поддршка на една ваква иницијатива бидејќи сепак тие заслужуваат почит и признание“, додаде Димитриевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This