ДИМИТРИЕВ: Власта намерно го koчи процесот за изгласување на закони од областа на безбеднocта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија Комисијата за одбрана, на чиј дневен ред беа измените во Законот за следење на комуникациите, а пратеникот Емил Димитриев ја обвини власта дека намерно го кочи процесот за изгласување на законите од областа на безбедноста.

Тој рече дека измените на законот во прво читање на пленарна седница биле изгласани со двотретинско мнозинство без ниту еден глас против, а истата подршка Законот ја добил и на Комисијата за одбрана.

Димитриев додаде дека СДСМ и мнозинството повторно ја активирале „стратегијата” да поднесуваат амандмани на закони кои тие самите ги имаат предложено.

–Усвоените амандмани на СДСМ од страна на Законодавно правната комисија, во целост ја менуваат суштината на Измените на законот за следење на комуникациите, кој беше усогласен и заеднички предложен и изгласан во првото читање. Ова е втор пат за закони од областа на безбедноста кои се двотретински после напорни усогласувња со опозицијата и креирање заеднички предлог, во собраниска процедура преку силата на мнозинството да ги погазат веќе усогласените решенија. Повторно изговорите се разно разни, погрешно се интерпретираат мислења од странски експерти итн. – вели Димитриев.
Пратеници од владејачкото мнозинство пак, велат дека амандманите прават да се засили контролата врз новата агенција ОТА, а се однесуваат на технички прашања кои не биле разгледувани во работните групи.

Измените на Законот за следење на комуникациите треба да бидат изгласани со двотретинско мнозинство. Од опозицијата пак, најавуваат дека доколку не се тргнат амандманите поднесени од власта,

За усвојување на измените на Законот за следење на комуникациите е неопходно двотретинско мнозинство, а од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека нема да дадат поддршка за амандманите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This