ДИМИТРИЕВ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО: Оризопроизводителите ќе ја добијат вистинската цена која ја бараат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска ја посети општината Чешиново Облешево, каде што се сретна со градоначалникот Костадин Личков, и имаше средби со жителите и со земјоделци оризопроизводители.

dimitriev-emil-640x364

На средбата со градоначалникот станало збор за реализација на започнатите проекти во општината меѓу кои приоритет е даден на патниот правец од Штип кон Кочани кој поминува низ оваа општина.

На средба со земјоделците оризопроизводители Димитриев ги истакна новите мерки на владата за унапредување на земјоделството и селото.

– Ќе настојуваме оризопроизводителите да ја добијат вистинската цена на оризот што ја бараат. Токму затоа утре на тој терен ќе претстојуваат претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Државниот инспекторат кои на лице место треба да утврдат дали е започнат откупот на арпата и белиот ориз од годинашнава реколта. Ние се залагаме откупната цена за килограм арпа да биде од 18 до 22 денари, истакна Димитриев.

dimitriev-emil1

Тој најави и нови поволности за земјоделците и притоа посочи дека за системите капка по капка, тие ќе имаат државни субвенции во висина од 80 проценти. За изградба на системи за наводнување ќе се вложат 140 милиони евра, рече, а за купување земјоделска механизација односот ќе биде 60:40 со поддршка на државата.

За развој на малите рурални места, отворање на бизниси и вработување на невработени и стечјаци Владата, рече Димитриев, ќе го поддржи овој сектор со доделување на 2.000 односно 4.000 евра за невработено лице односно стечаен работник.

Димитриев имаше средба и со жителите на неколку населени места од општината Чешиново – Облешево.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This