Димитриев до граѓаните: На изборите одлучувате ВИЕ, а не партиите, специјални органи или институции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на Република Македонија се носители на суверенитетот на оваа земја и тоа природно и политичко право никој не може и не смее да се обиде да ви го ограничи, да влијае на него или пак да го попречи. На претстојните избори вие одлучувате. Вие и никој друг. Ниту партиите, ниту специјалните органи, ниту институциите. Вие граѓаните сте над сите овие категории.

akademija22-3

Ова го истакна премиерот Емил Димитриев во синоќешното обраќање на Свечената академија по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Народот на Македонија, нагласи Димитриев, е слободен, слободоумен, праведлив и правичен, со голема свест и совест и со голема интелигенција и домаќинлак. Оној што ќе се обиде да го потцени, ќе се прелаже и на оној кој ќе го изземе народот од неговата равенка за решавање на прашањата – нема да му испадне математиката.

– Политичките партии постојат за да ви понудат идеи и програми за решавање на реалните проблеми и предизвици. Тие треба да ја презентираат нивната политичка понуда, а вие граѓаните да одберете на кого му ја давате довербата. Борбата на идеите треба да биде во фокусот на политичките збиднувања. Борбата на идеите – а не идеите за борба меѓусебе, потенцира премиерот.

Според него, во однос на претстојните избори, граѓаните имаат многу алтернативи.

– Бевте сведоци на многу збиднувања и сугурен сум дека извлековте поента од се она што се случуваше. Верувајте му на својот разум. Изборот ви е едноставен, треба да одберете помеѓу алтернативите кои ви се нудат од страна на партиите што од своја страна го збогатува демократскиот живот во нашата земја. Партиите ќе ви понудат програми и проекти, ќе ви дадат ветувања и ќе се обидат да ја придобијат вашата поддршка. Ама само вие ќе одлучувате. Затоа размислете за момент или за повеќе, рече Димитриев.

akademija22-1

Нагласувајќи дека граѓаните најдобро знаат да оценат, премиерот повика при носењето на одлуките да ја имаат секогаш предвид Македонија.

– Одлуките се носат врз основа на разум, но и врз основа на вашето срце и душа, на вашите чувства и вашиот патриотизам. Размислете, кој може да ви обезбеди подобар живот на вас и на вашето семејств, кој може да обезбеди подобра економија, поголем број работни места, поголеми инвестиции и отворање фабрики, поголем развој, на кого му верувате дека ќе ви го исполни тоа што ќе ви го вети, на кого може да се потрпете. Кој може да има лидерство и кој од понудените кандидати од партиите сакате да ви биде премиер на политичка влада со полн капацитет, личност која може да биде ваш гарант за исполнување на ветувањата, и личност која треба да ги реализира и брани вашите интереси, напомена Димитриев.

Така се одлучува во Европа, така, рече, се одлучува и треба да се одлучува во Македонија.

– Одлуките треба да се носат врз основа на разум и избор на алтернативи, врз основа на политичка понуда и борба на проекти, а не врз основа политички препукувања, политички театар, деструкција, насилство, местенки и подметнувања. Во политиката мора да има вредности кои се почитуваат, затоа што ние одговараме пред народот, подвлече премиерот Емил Димитриев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This