April 18, 2024, 11:34 pm

Димитриеска Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ воопшто не размислува за зголемување на даношните стапки, туку планира да го намали данокот на личен доход

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска истакна дека доколку има се случи смена на власт, ВМРО-ДПМНЕ воопшто не размислува за зголемување на даношните стапки туку планира да го намали данокот на личен доход на 8%.

-Ние воопшто не размислуваме за зголемување на даночни стапки. Единствено што размислуваме и тоа беше дел од програмата е намалување на данокот на личен доход на 9, па на 8 проценти. Тука немаме дилема, рече Димитриеска Кочоска.

Таа ваквиот потег го оправдува со тоа што во приватниот сектор кој ја прави целата економија и го полни буџетот ќе останат повеќе пари и истите ќе бидат подобро изменаџирани.

-Приватниот сектор подобро знае каде да си ги потроши парите отколку државата, бидејќи државата е најлош домаќин и управувач со парите. Како резултат на тоа ние кога ја правевме програмата за предвремените парламентарни избори, нашата одлука беше дека ние ќе ги намалиме дел од даноците со цел да оставиме повеќе пари на приватниот сектор кој што треба да инвестира, додаде Димитриеска Кочоска

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This