ДИМИТРОВ ВО ЛОНДОН: Се пофали дека Владата се бopи за слобода на медиумите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Делегацијата на Владата во чиј состав се министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на покана на Владата на Обединетото Кралство, денеска и утре престојуваат во работна посета на Лондон.

На првиот ден од конференцијата за слобода на медиумите, Димитров се обрати на панелот „Слободата на медиумите во Западен Балкан и нови начини на работа“, на кој заедно со британскиот министер за Европа и Америка, Сер Алан Данкан и претставници на медиумите и на граѓанскиот сектор од регионот на Западен Балкан дискутираа за предизвиците со кои регионот се соочува во сферата на медиумите, соопшти Министерството за надворешни работи.

Тој се осврна на промените и конкретните мерки кои Владата ги презеде и воведе во поглед на подобрување на слободата на медиумите, преку зголемена транспарентност и отчетност кон медиумите и кон граѓаните, креирање услови за работа на медиумите во слободна и компетитивна средина преку отворената и критичка политичка дебата и зајакнато критичко медиумско известување, што е соодветно нотирано во Извештајот на Европската комисија и во извештајот на Стејт Департментот за човекови права.

Цитирајќи го американскиот државник Адлај Стивенсон: „Слободните медиуми се мајка на сите слободи и на нашиот напредок во слободата“, Димитров потенцираше дека Владата ќе продолжи одговорно да работи на креирање услови за слободата на медиумите, бидејќи ја има главната одговорност, но ја истакна и одговорноста на новинарите и на уредувачките совети да работат согласно професионалните и етичките стандарди.

На вториот ден од конференцијата, министерот Димитров утре ќе биде говорник на панел-дискусијата „Што можат да сторат Владите за да ја зголемат медиумската одржливост?“. Тој исто така ќе учествува и на пленарни сесии и работна вечера во организација на домаќинот и ко-организаторот на конференцијата, односно со министрите за надворешни работи на Обединетото Кралство и на Канада, Џереми Хант и Кристиа Фриланд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This