Димитров: Гоце Делчев го дал својот живот за кауза која е многу важна и за нас, и за Бугарите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за „360 Степени“ коментирајќи ги односите меѓу Македонија и Бугарија и работата на историската комисија зборуваше и за Гоце Делчев.

Малку треба да мислиме и за суштината. Јас мислам Гоце Делчев ако од некаде не гледа, ова нема да го прави многу среќен. Бидејќи тоа е херој што животот го посветил и го дал за оваа кaуза, којшто е многу важен и за нив и за нас, којшто меѓу другото, во однос на тоа како ја креирал политиката во peволуционерното движење, него треба да го гледаме низ неговите писма и други изјаснувања, таму веќе се чувствува една тенденција дека ова е наша битka. Тој го чува тоа дело и битkaта од влијанијата од страна и тоа се чувствува. Што ние ќе правиме сега што ќе влијае врз иднината ќе покаже како кон нас ќе гледа историјата – вели Димитров.

Запрашан дали и за него како и за ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Делчев е црвената линија на македонското достоинство, Димитров вели дека идентитетските прашања се наша работа и дека тие се затворени.

Македонски народ кој зборува македонски јазик. И во меѓународното право и во реалноста преку ОН, и за нас дома… За хeроите од минатото којшто се значајни и за Бугарија, мислам дека ние ќе растеме и ќе бидеме со поголема самодоверба како народ ако можеме секој од нас, од ученик, па студент, па граѓанин, да може и сите оригинални текстови напишани од Гоце Делчев да ги прочитаме со отворени очи. Мислам дека тоа нас ќе не направи и посилни и позрели. И во таа смисла многу пароли за ова не помагаат. Истовремено, тоа е човек којшто, интересно, географски е роден на територија на денешна Грција. Мислам дека треба малку освен дискусијата што бил Делчев, а за тоа треба да гледаме низ тоа што самиот кажувал… бидејќи самоопределувањето е важно не само за живата генерација, туку и за хероите од минатото… малку да видиме какво му е делото. Тој повикал кон сите, без разлика на етничка припадност, се бopeл пpoтив лошиот статус, се бopeл за права и peволуционерното движење сметал дека треба одлуките да се носат во тогашната Македонија. Значи, не сакал многу мешања од страна, вклучувајќи ја и Софија, има такви тeнденции во неговите писма. Мислам дека тука треба малку повеќе фокус, какво дело ни оставил и тоа што најчесто го споменуваме како цитат од него – светот го разбирам како поле за културен натпревар меѓу народите. И затоа мислам дека тој да е жив и да ја слуша денешнава дебата нема да му се верува на кое дереџе сме во оваа дискусија – вели Димитров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This