ДИМИТРОВ ГО ПРЕГОРИЛ ТЕЛЕФОНОТ: Министерот за надворешни цел ден во консултации со пратениците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вчера во гостување на 1ТВ истакна дека преговорите со Беса бараат голем ангажман.

– Нивниот фокус е словото. Ние сме мултиетничко општество и треба да внимаваме да не ги повредиме чувствата на другите граѓани кои не се етнички Македонци, а се наши сограѓани. Покрај македонскиот идентитет, ние треба да го заштитиме и идентитетот на заедниците кои не му припаѓаат на мнозинството – вели Димитров за 1ТВ.
Најинтензивни разговори се водат со БЕСА и двајцата пратеници на таа партија во Собранието и со лидерот Билал Касами повремено.

-Цел ден сме во консултации, ова е здраво за нас на некој начин, за важни прашања разговараме, наоѓаме решенија тргнувајќи од државниот интерес, да ги покриеме главните грижи, да ги покриеме грижите на нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Власи и сето тоа да биде во духот и рамките на Договорот од Преспа со што се става точка на едно подглавје каде бевме влечени назад и конечно да тргнеме напред како држава – вели Димитров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This