ДИМИТРОВ: Го сменивме името, ЕУ да го остави светилникот вклучен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Луксембург учествуваше на состанокот на Министрите од земји-членки на ЕУ кои се дел од групата ПЕС – Партија на европските социјалисти, каде уште еднаш образложил зошто Македонија ја заслужи одлуката за почеток на преговори со ЕУ, пренесува Плусинфо.


Состанокот, како што информираат од МНР, се одржал непосредно пред почетокот на Советот за општи работи на ЕУ, а со кој претседавал германскиот државен министер за Европа Михаел Рот.

Министерот Димитров, како што информираат од МНР, на состанокот образложил зошто Македонија ја заслужи одлуката за почеток на преговори со ЕУ, нагласувајќи ја важноста на моментот и висината на влоговите, како за земјата, така и за регионалниот контекст, но и за самата Унија.

– Во моментов станува збор за одлука за Македонија, земја која 14 години чека почеток на преговори со ЕУ, притоа решавајќи го „невозможното” на надворешен план и правејќи целосен демократски пресврт на домашен план. Но, станува збор и за политиката на проширување на ЕУ и за европската перспектива за самиот Балкан. Во суштина, станува збор за тоа дали ЕУ ќе го остави светилникот вклучен – изјавил Димитров.

Министрите присутни на состанокот, се вели во соопштението, ја повториле својата поддршка и изразиле надеж дека ќе се постигне консензус за позитивна одлука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This