ДИМИТРОВ: Законот за ЈО и „Peкет“ клучни за старт на преговорите со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Донесувањето на законот за јавно обвинитeлcтво и водењето транспарентна, непристpaсна истpaга за случајот „Peкет“, се двете клучни работи кои многу ќе ни помогнат да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред почетокот на Амбасадорски совет во МНР.

Според Димитров, последниве две години има интензивно, очигледно и драстично подобрување на состојбата во однос на евроинтеграцискиот процес и водењето на надворешната политика. Зголемени се посетите во земјава, но и оние на наши официјални претставници во земјите-членки на ЕУ.

-Има нешто што се сметаше за нepeшливио. Тука направивме крупен исчекор, манифестиравме вистински, европски начин и решивме едно прашање што не држеше надвор од процесот на ЕУ и НАТО интгрирањето. Со соседите, во услови кога е светот разнишан, создадовме шанса и за ЕУ, истакна Димитров.

Амбасадорски совет е на тема „Европската перспектива на Република C Македонија“. Според МНР кое го организира овој дводневен состанок, целта е да се направи пресек на досегашните и да се допрецизираат следните чекори, како и конкретни дипломатски активности во пресрет на одржувањето на Европскиот совет во октомври, кога се очекува да биде донесена одлука за почеток на пристапните преговори за членство на C Македонија во ЕУ.

Во рамки на Амбасадорскиот совет предвидени се работни средби со претседателот на државата, Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со претседателот на Владата, Зоран Заев и со потпретседателот задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Предвидени се и неколку работни сесии на кои Димитров и амбасадорите на C Македонија акредитирани во земјите-членки на ЕУ подетално ќе ги разгледаат сите аспекти релевантни за почеток на пристапните преговори со ЕУ во октомври.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This