ДИМИТРОВ ЗА СТАВОТ НА БАН: Лесно е да се растури, тешко е да се гради

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По изнесените ставови од Бугарската академија на науките дека македонскиот јазик не постои, и според нив тој е дијалект на бугарскиот јазик, се огласи министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Наведува дека во 21-от век, во Европа, правото на самоопределување и само-изјаснување е неспорно.

„Односите меѓу две држави, за да бидат пријателски и блиски, претпоставуваат почитување на тоа право и на достоинството на другиот. Македонскиот јазик е еден од јужнословенските јазици. Стандардниот македонски јазик е официјално кодифициран во мај 1945 година, врз основа на централните говорни форми во тогашна Македонија. Беше еден од трите официјални јазици и во поранешна Југославија, а присутен е во ОН уште од 70-те години на минатиот век. Македонскиот јазик има свој историски развој и е признат од меѓународната заедница на лингвисти. Историскиот процес што го почнавме со соседна Бугарија, за да води кон вистинско зближување и пријателство, за да руши стравови и предрасуди, претпоставува взаемно прифаќање. Прифаќање на периодот на заедничка и испреплетена историја што ги поврзува бугарскиот и македонскиот народ, но и на сегашноста – македонски народ што говори македонски јазик. За овој процес да успее, на двете страни им треба мудрост и деликатност, големина во разбирањето и почитувањето на грижите и достоинството на другиот. Лесно е да се растури, тешко е да се гради“, пишува Димитров на Фејсбук.

Во 21от век, во Европа, правото на самоопределување и само-изјаснување е неспорно. Односите меѓу две држави, за да бидат…

Posted by Никола Димитров – Nikola Dimitrov on Thursday, December 12, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This