ДИМИТРОВ ИСПЛАШЕН, СЕ ПРАВДА: Членството во НАТО нема да ги влоши односите меѓу Русија и Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Односите помеѓу Скопје и Москва не би требало да се влошат по влегувањето на Македонија во НАТО, смета министерот за надворешни работи Никола Димитров.


„Уверен сум дека со време ќе мораме да седнеме и да поразговараме за новите несогласувања. Секако во согласност со основните принципи за неупотреба на сила и повреда на интегритетот на земјите. Двајцата лидери ќе треба да седнат на маса и да пронајдат излез од тензичната ситуација“, изјави Димитров на дебатата во Атланскиот совет во Вашингтон.

Според неговите зборови, стапувањето во НАТО го подджуваат 84 отсто од граѓаните на Македонија, а таа како суверена држава сама треба да одлучи во која насока ќе се движи.

„Ние сме отворени за дијалог. Мене ме загрижува ставот на Москва дека извршуваме нечии наредби, а всушност ние ова го правиме за наше добро, бидејќи веруваме дека нашата земја ќе биде постабилна поради силните врски со нашите сојузници во НАТО.“, додаде министерот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This